Прилепските пожарникари подготвени за летото

Пожарникарски возила во Прилеп.

Прилепските пожарникари, иако недоволно екипирани, велат дека се подотвени за летната сезона, кога и опасноста од појава на пожари е поголема.
На прагот на летото кога демне опасноста од појава на пожари, прилепската територијална противпожарна единица ги заврши сите подготовки. Одржани се состаноци со сите надлежни институции: полицијата, Центарот за кризи, јавните претријатија и Општината. А единицата наскоро и кадровски ќе се доекипира.
Моментално нашата единица брои 34 вработени што е многу мала бројка, значи према законската регулатива која сега постои треба да има 52 професионални пожарникари. Во овој период размислуваме за прием уште на 10 нови вработувања, значи сезонски пожарникари кои ќе ни помогнат во летниот период, за гаснење на пожари на отворен простор.
Станко Колески, командир на противпожарната единица во Прилеп.

„Моментално нашата единица брои 34 вработени што е многу мала бројка, значи према законската регулатива која сега постои треба да има 52 професионални пожарникари. Во овој период размислуваме за прием уште на 10 нови вработувања, значи сезонски пожарникари кои ќе ни помогнат во летниот период, за гаснење на пожари на отворен простор“, вели командирот Станко Колески.

Станко Колески, командир на противпожарната единица во Прилеп.


Од технички аспект, единицата е добро опремена. Возниот парк минатата година е подобрен, добиени се две нови современи возила и друга лична и колективна опрема по врвни евро-стандарди, па може да интервенира и во најтешките услови. Добиени се и 240 надземни хидранти кои ќе се постават во центарот на градот, но и во руралните средини.

„Овие денови ќе имаме стартување, работа и одредување на местата на тие хидранти. Бараме помали возила. Доколку однесеме опрема до местото каде што има хидрант, тогаш многу полесно можеме да настапиме и интервенираме. Но, за да дојдеме до таквите места ни треба многу помало возило, кое би носело поголем број на опрема и повеќе опрема. 109 беа вкупно, сега би рекол дека се преполовени. Значи се намалува бројот на критични улички“, истакнува Колески.

Но, и покрај овие новини, останува проблемот со Општина Долнени, зашто се уште нема можност за формирање на противпожарна единица. А овој регион и натаму е еден од најкритичните во летниот период. Многу често жители на оваа Општина подметнуваат шумски пожари.

Инаку, прилепската единица држи под контрола најголема територија во Македонија со 1.700 км2, опфајќаји го Прилеп и околните 108 населени места.