Собранието ќе ја почне расправата по ребалансот на буџетот

Ребалансот на Буџетот за 2012 година е на дневен ред на денешната пленарна седница на Собранието на Македонија. Причина за ребалансот, според оценката на владата, е кризата во Европа како и нејзиното влијание врз намалување на економска активност во земјава, како и лошите временски услови во почетокот на годинава. Општото намалување на економската активност предизвика во периодот јануари-март да биде остварен дефицит на Буџетот од 4,229 милијарди денари или 0,9 отсто од БДП. На приходната страна е направено намалување за 7,218 милијарди денари односно за 4,6 проценти. На расходнатa e извршено намалување за 4,5 проценти. Притоа опфатени се сите министерства и буџетски корисници без исклучок. На предложениот ребаланс беа поднесени 473 амандмани, од кои не беше прифатен ниту еден.