Советот за безбедност на Обединетите нации најостро го осуди убивањето на над сто луѓе во сиријскиот град Хула. Сиријските власти се посочуваат за одговорни за гранатирање на градот, но Советот не прецизира кој е одговорен за убиствата извршени одблиску.
Советот за безбедност на Обединетите нации по итната седница соопшти дека оружените формации на сиријските власти биле одговорни за гранатирањето на градот Хула при што минатиот петок загинале неколку десетици цивили, меѓу нив и многу деца. Овој напад се случил во минатиот петок по што имало најмалку 108 убиени и 300 ранети.
Необврзувачката резолуција ја прочита заменик амбасадорот на Азербејџан во Обединетите нации Тофик Мусаев.
„Членките на Советот за безбедност најостро ги осудија убиствата на десетици мажи, жени и деца, потврдени од посматрачите на Обединетите нации, во селото Хула во близина на Хомс. Во нападите биле инволвирани гранитарања од владината артилерија.“
Советот исто така ги осуди убиствата на цивили врз кои било пукано од непосредна близина и на кои имало траги на физичко насилство, но притоа не се наведува кој е одговорен за тоа.
Во соопштението се оценува дека тоа претставува кршење на меѓународните закони и на обврските што ги имаат преземено сиријските власти, меѓу кои и запирање на употребата на тешкото оружје.
Во меѓувреме, сиријската опозиција соопшти дека во вчерашното гранатирање на градот Хама биле убиени над 40 луѓе. Ваквите наводи не се потврдени од независни извори.
По седницата на Советот за безбедност, германскиот амбасадор во Светската организација Петер Витиг изјави дека била очигледна инволвираноста на сиријската влада во масакрот во Хула.
„Има јасен доказ дека било употребено тешко оружје за гранатирање и оти во тој реон имало и тенкови.“
Од друга страна, сиријскиот пратеник во Обединетите нации, Башар Џафари, оцени дека обвинувањата за владината одговорност се дел од, како што рече, цунамито лаги против Дамаск.
„Би сакал тука исто така да го осудам од името на мојата влада, цунамито лаги кои беа искажани пред неколку минути и кои се обид погрешно да ве насочат со кажување на нивното гледање на настаните.“
Џафари ја повтори оценката на сиријските власти дека петочниот масакр било дело на терористи. Заменик амбасадорот на Русија во Њујорк Александар Панкин изјави дека е нејасно што навистина се случило:
„На чии интереси би можело да им послужат ваквите потези? Не веруваме дека сиријската влада е заинтересирана да ја расипе посетата на специјалниот пратеник Кофи Анан со правање вакви работи. Можеби станува збор за провокација и инфилтрирање на некакви елементи. Тоа треба да се испита.“
Во април, сиријската влада и опозцијата ветија дека ќе го спроведат планот од шест точки, предложен од Анан. Со него е предвидено прекин на огнот, како и повлекување на тешкото оружје од градовите.
Обединетите нации соопштија дека над 10 илјади луѓе биле убиени од почетокот на востанието против режимот на претседателот Башар ал Асад кое избувна во април минатата година.
Има јасен доказ дека било употребено тешко оружје за гранатирање и оти во тој реон имало и тенкови.Петер Витиг, амбасадор на Германија во ОН.
„Членките на Советот за безбедност најостро ги осудија убиствата на десетици мажи, жени и деца, потврдени од посматрачите на Обединетите нации, во селото Хула во близина на Хомс. Во нападите биле инволвирани гранитарања од владината артилерија.“
Не веруваме дека сиријската влада е заинтересирана да ја расипе посетата на специјалниот пратеник Кофи Анан со правање вакви работи.Александар Панкин, амбасадор на Русија во ОН.