„Кртот“ во Ватикан е батлерот на Папата

Ватикан денеска официјално потврди дека батлерот на Папата Бенедик 16-ти е уапсен поради сомнение дека изнесува доверливи документи од Ватикан и ги пласира во медиумите. Станува збор за Паоло Габриел кој е уапсен во неговиот стан откако полицијата таму пронашла дел од доверливите документи.
Аферата наречена „Ватиликс“ го потресе Ватикан во изминатиов период кога папската држава се обидува на јавноста да и се презентира себеси како финансиски транпарентна и да го отфрли имиџот на даночен рај кој досега го имаше.
Во дел од документите кои ги објавија италијанските медиуми се наведени информации за корупција, финансиски скандали, лошо раководење во Ватикан, како и за внатрешното неединство во управувањето со Ватиканската банка.
Претходно беше сменет и претседателот на ватиканската банка.