Македонски граѓани донираат крв за настраданите во Албанија

Стружани донираат крв во болницата во Подградец по автобуската несреќа во Албанија во која загинаа 13 студенти.

Автобуската несреќа во Албанија ги солидаризира жителите на Струга, Дебар и другите градови. Тие организирано даруваат крв во градската болница во Подградец.
Граѓани од Струга, Дебар и останатите погранични места со соседна Албанија трет ден по ред даруваат крв за повредените студенти во автобуската несреќа која во понеделникот се случи во Албанија. Македонските граѓани организирано заминуваат во Подградец, најблискиот град до границата, каде во тамошната градска болница даруваат од течноста што живот значи. Само првата група граѓани дарувале повеќе од 30 единици крв.
Првата група беше од Струга и од околните населени места. Таа прва група ја сочинуваа лекари, професори, свештени лица, работници од разни профили. Немам зборови да го опишам нивното задоволство што толку брзо се солидаризираа луѓето надвор од границата. Акцијата не е запрена и таа продолжува и понатаму, а граѓаните се уште ќе можат да одат и да дадат крв.
Џемал Арслани, претседател на огранокот на Хуманитарната организација Ел Хилал во Струга.

Џемал Арслани, претседател на огранокот на Хуманитарната организација Ел Хилал во Струга, вели оти и тие се приклучиле на повикот за помош од албанскиот Црвен крст.

Џемал Арслани, претседател на огранокот на Хуманитарната организација Ел Хилал во Струга.


„Првата група беше од Струга и од околните населени места. Таа прва група ја сочинуваа лекари, професори, свештени лица, работници од разни профили. Немам зборови да го опишам нивното задоволство што толку брзо се солидаризираа луѓето надвор од границата. Акцијата не е запрена и таа продолжува и понатаму, а граѓаните се уште ќе можат да одат и да дадат крв“, рече Арслани.

Новинарот од Струга Мехмет Љатифи беше меѓу првите кој даруваа крв.

„Чест е на секој новинар да ги прати таквите хуманитарни акции. Стружаните и граѓаните на Струга секогаш ја искажуваат таа своја хумност на дело, не само сега, туку и порано. Бев почестен што бев дел од таа прва група која што пристигна во Подградец да дарува крв. Идејата беше да се избегне гужвата која се создаде во Елбасан. Со оглед на тоа дека градската болница во Подградец е од таков вид, не беше спремна со таква екипа, но додека ние пристигнавме екипата се екипира.“

Од Ел Хилал велат дека за семејствата на настраданите и повредените студенти ќе има и друг вид помош. И амбасадорот на Албанија во Македонија Арбен Чејку помогнал македонските граѓани да може да даруваат крв во најблискиот пограничен град Подградец, а со тоа да ја покажат и својата хуманост.

Инаку во автобуската несреќа досега животот го загубија 13 лица помеѓу кои и шоферот на автобусот. До несреќата дошло кога автобусот излетал од патот и паднал во амбис во близина на албанскиот приморски град Химаре, 220 километри јужно од Тирана. Во автобусот имало околу 50 студенти од Универзитетот „Александар Џувани“ од Елбасан, кои оделе на тридневен одмор во Саранда. Со одлука на албанската влада вчерашниот ден беше прогласен за ден на национална жалост.