Лидерите на земјите членки на НАТО ги одобрија плановите за предавање на одговорноста за безбедносната ситуација во Авганистан на тамошните власти заклучно со средината на 2013 година. Генералниот секретар на Алијансата Андрес Фог Расмусен потврди дека светската организација ќе ги повлече своите сили од земјата во 2014 година. Во декларацијата од дводневниот самит во Чикаго, американскиот претседател Барак Обама и неговите 27 воени сојузници ги потврдуваат плановите за оставање на тренинг мисија во Авганистан. Од Самитот беше испратен и апел до Пакистан што е можно побргу да се отворат рутите за снабдување на војниците на НАТО, кои се блокирани поради инцидент.