Авганистан, таканаречената „паметна одбрана“ и анти-ракетниот штит ќе бидат темите околу кои ќе се фокусира настанот
Визијата на НАТО за соочување со безбедносните предизвици во 21 век, ќе се утврдува на 25-тиот Самит што денеска и утре ќе се одржи во Чикаго.
ПРОШИРУВАЊЕТО НЕ Е НА АГЕНДАТА
Проширувањето на Алијансата не е на агендата на самитот на НАТО во Чикаго кој почнува денеска. Во фокусот на најмоќната воено-политичка организација ќе бидат три теми - Авганистан во транзицискиот период и потоа, капацитетите на НАТО за справување со безбедносните предизвици по однос на новата „паметна одбрана“ и анти-ракетниот штит во Европа, како и подобрување на партнерската мрежа на организацијата низ светот. Во Чикаго лидерите ќе имаат можност да ги претворат одлуките од Лисабонскиот самит во конкретни програми и иницијативи. Тоа значи дека НАТО треба да продолжи со политичките, воените и економските инвестиции за да ја одржи силата на Алијансата, односно мора да остане посветен на своите принципи, подготвен да ги обезбеди потребните капацитети и да ги развива односите со партнерите.
СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА
Предвидено е членовите на македонската делегација да имаат средби со претставници на државите - членки на Алијансата. Во дипломатска активност пред Самитот Македонија бараше од НАТО и САД поддршка за полноправно членство во Алијансата и ревизија на заклучокот од Букурешкиот самит врз основа на одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. „Сплотени со една желба - европска и евроатлантска Македонија, успешно ги преживеавме сите предизвици со кои се соочи нашата татковина во минатото и сплотени ќе го надминеме и сегашниот предизвик“ порача претседателот Ѓорге Иванов. „Македонија уште во 2008-та ги исполни сите критериуми да биде член на НАТО и одлуката за тоа од тогаш зависи единствено од волјата на една земја членка, иако таа легално се обврзала да не го блокира нашето членство во Алијансата. Како одговорна и конструктивна земја нема да дозволиме да ни ги засени целите некој кој сака да не држи во заложништво или генерира нестабилност“ изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во интервју за Македонската информативна агенција
ИНЦИДЕНТ ПРЕД САМИТОТ
Тројца мажи се обвинети за планирање на напад на изборниот штаб на американскиот претседател Барак Обама пред започнувањето на самитот. Полицијата соопшти дека нема непосредни закани за лидерите на 50 нации кои ќе се сретнат на собирот. Според обвинителството, тројцата уапсени се анархисти кои со недели се фалеле дека ќе направат голема штета во Чикаго.
ЗАСИЛЕНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Околу 10.000 луѓе, меѓу кои и 2.000 новинари, дојдоа во Чикаго заради настанот. Тајната служба проценува дека во градот ќе пристигнат и меѓу 10.000 и 100.000 демонстранти. За безбедноста на учесниците на Самитот во градот ќе бидат ангажирани 3.100 прпадници на полицијата на Чикаго. Мултикомуникацискиот команден центар кој ќе ги надгледува сите настани на и околу Самитот е сместен на тајна локација надвор од градот, за што се ангажирани над 40 агенции, вклучувајќи ги и ФБИ и Тајната служба. Со строгите безбедносни мерки отцртана е и голема зона забранета за летови, подигнати се барикади, а сообраќајот ќе биде забавен, односно целосно забранет во центарот на Чикаго. Во јавниот превоз на патниците нема да им биде дозволено да венсуваат храна, пијалоци, велосипеди. Патниците на железничката станица и на некои метро-станици ќе мора да поминуваат детална контрола.
ПРОШИРУВАЊЕТО НЕ Е НА АГЕНДАТА
Проширувањето на Алијансата не е на агендата на самитот на НАТО во Чикаго кој почнува денеска. Во фокусот на најмоќната воено-политичка организација ќе бидат три теми - Авганистан во транзицискиот период и потоа, капацитетите на НАТО за справување со безбедносните предизвици по однос на новата „паметна одбрана“ и анти-ракетниот штит во Европа, како и подобрување на партнерската мрежа на организацијата низ светот. Во Чикаго лидерите ќе имаат можност да ги претворат одлуките од Лисабонскиот самит во конкретни програми и иницијативи. Тоа значи дека НАТО треба да продолжи со политичките, воените и економските инвестиции за да ја одржи силата на Алијансата, односно мора да остане посветен на своите принципи, подготвен да ги обезбеди потребните капацитети и да ги развива односите со партнерите.
СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА
Сплотени со една желба - европска и евроатлантска Македонија, успешно ги преживеавме сите предизвици...претседателот Ѓорѓе Иванов