Обама: Се создава консензус меѓу лидерите од Г8

Од средбата во резиденцијата на Американскиот претседател во Мериленд

Американскиот претседател Барак Обама вели дека се создава консензус околу потребата за промовирање на растот на работните места во Европа во услови кога континентот е соочен со должнички кризи. Во изјава за медиумите по средбата со лидерите од групата Г8 во Кемп Дејвид, Обама рече дека претставниците на најголемите индустриски нации се согласни дека растот и работните места мора да се врвен приоритет, додавајки дека растечката европска економија е во сечиј најдобар интерес. Американскиот претседател рече дека лидерите се согласиле на повеќе прашања меѓу кои и за Иран, Сирија и Северна Кореа.