Американскиот претседател Барак Обама ги пречека во Кемп Дејвид лидерите на Групата осум најразвиени земји во светот на дводневен состанок кој главно е фокусиран врз кризата во еврозоната. Сепак, не се изоставени и евентуалните зкани за безбедноста во светот.
Лидерите на Групата осум најразвиени земји во светот во почетокот на нивниот дводневен состанок во Кемп Дејвид се согласиле дека е неопходно Иран повеќе да ги открие своите нуклеарни амбиции.
На состонокот чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама, како што јавуваат новинските агенции, било заклучено дека е време поголем фокус да се стави врз ситуацијата во Сирија.
Исто така, била потенцирана важноста да се натера Северна Кореа да ги почитува меѓународните норми во врска со нејзината нуклеарна програма или во спротивно ќе се соочи со поголема изолација.
На самитот на Г8 се очекува денеска да се разговара за кризата во еврозоната и за други економски прашања, меѓу нив и за притисоците врз пазарите со нафата.
Пред состанокот на Г8 највисоките претставници на Европската унија кои учествуваат на самитот ја повторија нивната заложба Грција да остане во еврозоната.
Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изјави дека Европа и натаму ќе се држи до плановите за заедничката валута во чии рамки е и Грција.
,,Што се однесува до загриженоста за Европа, мојата порака е јасна. Решени сме да останеме на курсот. Ќе ја спроведеме нашата стратегија за намалување на дефицитите и за враќање кон развојот.,,
Изајви Ромпуј.
Економската криза во Грција прерасна во политичка откако партиите кои се противат на условите за да се добие спасувачкиот пакет од 130 милијарди евра постигнаа успех на парламентарните избори на 6 мај.
По неуспехот да се формира влада, за 17 овој месец се закажани нови избори на кои, според очекувањата, би можело партиите кои се противат на мерките за штедење да постигнат подобри резултати.
,,Би сакал да повторам многу јасно дека ние сакаме Грција да остане во еврозоната. Грција е дел од европското семејство и дел од европскиот проект. Сигурен сум дека ќе направиме се што е потребно тоа и да го обезбедиме. Најважно е и Грција и другите членки на еврозоната да ги почитуваат обврските. Тоа е прашање на кредибилитет и доверба.,,
Изјави во Кемп Дејвид претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Инаку, повеќе илјади демонстранти се собраа вчера во центарот на Чикаго, барајќи воведување таканаречени Робин Худ даноци врз банките. Собирот беше замислен да се совпадне со одржувањето на самитот на Г8, но организаторите решија тој наместо во Чикаго да се одржи во Кемп Дејвид.
Припадници на движењето ,,Окупирај,, имаат намера да протестираат и во Кемп Дејвид, но полицијата најави дека нема да дозволи тие да се приближат до ова место во Мериленд, кое служи за одмор на американските претседатели.
На самитот учествуваат претседателите на држави или на влади на Соединетите држави, Русија, Канада, Јапонија, Франција, Италија, Германија и Британија.

Би сакал да повторам многу јасно дека ние сакаме Грција да остане во еврозоната. Грција е дел од европското семејство и дел од европскиот проект. Сигурен сум дека ќе направиме се што е потребно тоа и да го обезбедиме. Најважно е и Грција и другите членки на еврозоната да ги почитуваат обврските. Тоа е прашање на кредибилитет и довербаЖозе Мануел Баросо