Преку протести до нов албански политички блок?

Протести на Албанци против полициската операција Монструм.

Прашање на време е кога во албанскиот блок ќе се појави нов лидер кој ќе го земе мегафонот и ќе застане пред младите фрустрирани луѓе што во претходните два петока излегоа на протести, вели аналитичарот Ким Мехмети.
Прашање на време е кога во албанскиот блок ќе се појави нов лидер кој ќе го земе мегафонот и ќе застане пред младите фрустрирани луѓе што во претходните два петока излегоа на протести, вели аналитичарот Ким Мехмети. Тој додава дека тоа се луѓе кои ја изгубиле довербата во своите албански политички претставници и дека протестите се показател оти се создадени услови за формирање на нов албански политички блок.
Самите демонстранти се оградија од ДУИ и од ДПА, а не ДУИ и ДПА од нив, оти нема партија која не би сакала да има 10 илјади свои симпатизери, тоа е илузија, но тие се оградија од партиите, не сакаат веќе тие партии да ги организираат. Секако дека во такви околности се создаваат услови, се отвора простор за нов херој, за нова алтернатива, за нови идеи
Ким Мехмети, политички аналитичар.

„Показател за тоа е тоа што самите демонстранти се оградија од ДУИ и од ДПА, а не ДУИ и ДПА од нив, оти нема партија која не би сакала да има 10 илјади свои симпатизери, тоа е илузија, но тие се оградија од партиите, не сакаат веќе тие партии да ги организираат. Секако дека во такви околности се создаваат услови, се отвора простор за нов херој, за нова алтернатива, за нови идеи“, вели Мехмети.

Протести на Албанците против полициската операција Монструм.


Албанските протести кои се оддржаа против акцијата „Монструм”, односно кои ја содржеа тезата дека ДУИ како коалициска партија дозволила да помине, како што велат, уште еден монтиран случај во кој жртви се Албанците. Цел на демонстрантите беа владата, општина Чаир и седиштето на ДУИ во Мала Речица, каде што и на двата протеста фрлаа со камења кон зградите.
Масовноста на тие протести, особено во Тетово и во Гостивар, беше мала и тоа не ме наведува мене да помислам дека може да ни се случи улична демократија и албанските субјекти да се сменат од власт со улична демократија и второ, албанскиот политички простор не е пополнет само во власта, туку и во опозицијата. Ние имаме две политички партии структурирани во опозиција кои нормално е дека ќе се трудат да ги искористат грешките на албанската владејачка партија.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Лидерот на опозициска ДПА Мендух Тачи се дистанцираше од протестите со тоа што еден ден пред протестот повика на смирување. Доколку таквото дистанцирање не е декалративно, тогаш во ваква ситуација се наметнува прашањето дали нов ветер ќе задува во албанскиот блок со оглед на тоа што протестите добија политички предзнак. Во дел од медиумите почнаа и шпекулациите за потенцијален лидер на новата албанска политичка партија. Едно од имињата е токму на аналитичарот Мехмети кој ги негира шпекулациите.

„Повеќе другите посакуваат, да бидам малку нескромен и искрен, повеќе другите посакуваат јас да се активирам отколку јас самиот. Особено кога знам дека во Македонија денешните партии не се засновани врз база на некој ум или врз база на некоја политичка памет, туку се потпираат на мускули. Вие денес за да направите такво нешто прво треба да најдете мускули што ќе се противат на таа уличарска демократија којашто ја има кај нас“, вели Мехмети.

Од друга страна, пак, аналитичарот Алберт Муслиу вели дека албанскиот политички простор е доволно исполнет и дека нема капацитет за нова албанска политичка партија.

„Масовноста на тие протести, особено во Тетово и во Гостивар, беше мала и тоа не ме наведува мене да помислам дека може да ни се случи улична демократија и албанските субјекти да се сменат од власт со улична демократија и второ, албанскиот политички простор не е пополнет само во власта, туку и во опозицијата. Ние имаме две политички партии структурирани во опозиција кои нормално е дека ќе се трудат да ги искористат грешките на албанската владејачка партија“, вели Муслиу.

Тој додава дека и досега имало тенденции за формирање на нови албански политички партии, но тие завршиле вонпарламентрано. Муслиу ги негира шпекулациите дека е кандидат за лидер на нова албанска партија и вели дека не планира партиски да се активира.