Обвинителите на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг изјавија дека доказите покажуваат оти Ратко Младиќ применувал кампања за истребување на муслиманите, хрватите и другите несрпски народи за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година. Обвинителите ова го изјавија на почетокот на судењето на процесот против 69-годишниот Ратко Младиќ, поранешен командант на војската на Република Српска, обвинет за геноцид, прогон и други злосторства врз Муслиманите и Хрватите за време на војната. Младиќ се изјасни дека не е воновен. Почетокот на процесот, според најавите, го следат 126 новинари од медиуми од целиот свет.
Младиќ беше уапсен од страна на српските власти на 25 мај минатата година во Лазарево кај Зрењанин, а во Хаг беше доведен 6 дена по апсењето.
Младиќ беше уапсен од страна на српските власти на 25 мај минатата година во Лазарево кај Зрењанин, а во Хаг беше доведен 6 дена по апсењето.