Осомничен напаѓач се изјасни за невин по обвиненијата за убиство и обид за убиство, поврзани со серија напади во Шведска. Петер Мангс, на 40 годишна возраст се товари за изведување на повеќе од десет напади во градот Малмо во 2009 и 2010 година како и две убиства во 2003 година. Повеќето жртви биле странци. Обвинителството како доказен материјал презентираше пиштоли, ласерски нишан и панцир како и муниција, кои биле пронајдени во станот на обвинетиот.