Грчкиот претседател Карлос Папуљас се сретна со лидерите на трите водечки политички партии во грчкиот парламент во последен обид да се формира коалициска влада и да се избегне распишување нови избори. Од новата влада се очекува имплементација на многу непопуларни мерки за штедење кои се предуслов за Грција да добие пакет помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Политичките аналитичари не очекуваат дека разговорите ќе дадат резултати. Последниот обид на Пасок да формира влада во петокот беше спречен од лидерот на радикалните левичари Алексис Ципрас, кој се заложува за спречување на мерките за штедење. Можноста за распишување на нови избори ги сруши цените на акциите на грчкиот пазар на хартии од вредност, што придонесе за рекорден пад на вредноста на еврото од јануари годинава.