Французите избираат претседател, во Грција се гласа на парламентарните избори додека во Србија има општи избори
Жителите на три европски држави денеска гласаа. Французите се изјаснија во корист на Оланд кој ќе биде новиот шеф на државата, Во Грција се одржаа парламентарни избори додека Србите гласаа за претседателски локални и парламентарни избори.
На маргините на Источна Европа во Ерменија се одржуваат парламентарни избори за кои се предвидува дека нема да донесат значајни промени во владеачката структура во земјата.
НЕИЗВЕСНОСТ ВО ГРЦИЈА
Гласачите во Грција навидум сакаат да ги казнат двете патртии кои во изминативе 40 години се менуваат на владеачката позиција во земјата: Социјалистилката ПАСОК и конзервативната Нова Демократија , по двегодишна имплементација на мерки за штедење.
Премиерот Лукас Пападемос, кој е на чело на коалициската влада меѓу двете патртии, смета дека со денешното гласање се одредува иднината на Грција.
„Сите сме согласни дека денешниве избори се круцијални и денеска секој од нас одлучува не само за тоа кој ќе ја води Грција туку се одредува и патот по кој ќе се движи земјата во следните децении“ рече Пападемос.
Предизборните анкети предвидуваат дека десет политички партии може да освојат повеќе од 3 проценти од гласовите, потребни за влез во парламентот, со што се претпоставува дека на повидок е нова коалициска влада.
Економската стабилност на Грција е зависна од пакет мерки за помош на земјата тежок 240 милијарди евра, за кој од идниот месец ќе мора да се имплементираат нови мерки за штедење.
ОПШТИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА
Жителите на Србија гласаат за претседателските, парламентарните и локалните избори. Во трката за шеф на државата учествуваат 12 кандидати, но предизборните анкети предвидуваат дека главната борба за гласови ќе се одвива меѓу проевропски ориентираниот актуелен претседател Борис Тадиќ и кандидатот на социјалистите Томислав Николиќ, кои веројатно ќе се соочат во вториот круг. Тадиќ се заложи да ги продолжи реформите во земјата доколку победи на изборите
„Очекувам дека во Србија ќе продолжи реформскиот процес. Ќе ја стабилизираме нашата земја со имплементација на макроекономски мерки. Тоа е многу важно и очекувам да се формира влада веднаш по изборите. Ќе се соочиме со многу важни прашања кои мора што побргу да се решат, што е случај во сите европски земји“ рече Тадиќ.
Во меѓувреме, Николиќ, навидум убеден дека ќе победи, смета дека Србите се желни за промени:
„Ситуацијата ќе биде јасна во 21:30. Јас ќе освојам најголем број на гласови и тоа нема да биде прв пат, но се надевам дека тоа ќе биде конечен резултат. Србија со нетрпение чека промени. Промените во Србија се потребни и сега сите се свесни за тоа. Се надевам дека од вечерва или за 14 дена ќе почнеме со дискусии околу придвижување на земјата напред“ рече Николиќ.
Српската изборна комисија соопшти дека до 10 часот излезноста на изборите била речиси 11 проценти.
Неколку лица биле уапсени во Нови Сад за мешање во изборниот процес, откако на гласачите пред гласачките места им нуделе пари за да поддржат определена листа, соопштија српските медиуми.
ФРАНЦИЈА: ОЛАНД Е ПОБЕДНИК
Поголема излезност е забележана во вториот круг гласање на претседателските избори во Франција во споредба со првиот круг, кој се одржа на 22 Април. ПредпладнеТо нешто повеќе од 30 проценти од регистрираните гласачи го оствариле своето право, судејки по владините проценки. Попладнево излезноста се проценува на речиси 72 проценти од регистрираните гласачи.
Предизборните анкети му даваат предност на кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд, кој освои 500,000 гласови повеќе од противникот Никола Саркози во првиот круг. Аналитичарите претпоставуваа дека Саркози ќе има корист од висока излезност, но се покажа спротивното. Според проекциите, победува Франоса Оланд со 52 насто од гласовите.
Лидерот на партијата на Францускиот национален фронт Марин Ле Пен, која не влезе во вториот круг, по гласањето во Париз изјави дека не предала важечко гласачко ливче:
„Претходно кажав дека ќе предадам празно гласачко ливче и се немам предомислено. Ретко го менувам мислењето – јас сум постојана“ рече Ле Пен, која не ги подржа двајцата кандидати во вториот круг.
Инаку, предизборните кампањи пред денешното гласање во Франција се фокусираа на стравувањата за зголемување на невработеноста, имиграцијата и економската иднина на земјата.