Филе ќе „го поттурнува“ дијалогот на високо ниво

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје на 15 март 2012 година.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе в понеделник доаѓа на втората договорена средба од отворениот дијалог на високо ниво со ЕУ. ЕК очекува брз напредок во пет области почнувајќи од слободата на медиумите, владеење на правото, јавната администрација, изборното законодавство и пазарната економија.
По речиси два месеци откако и зададе конкретни задачи на Македонија, еврокомесарот за проширување в понеделник доаѓа на втората договорена средба од отворениот дијалог на високо ниво со ЕУ. Според она што Филе го пренесе во март, ЕК од нас очекува брз напредок во пет области почнувајќи од слободата на медиумите, владеење на правото, јавната администрација, изборното законодавство и пазарната економија.
Во 2009–та година ние имавме некои бенчмаркови кои беа исполнети, сите еден по еден беа тргнати со донесување на различни проевропски закони во администрацијата или во други дејности како правосудството, во земјоделството големи реформи се направија. Меѓутоа сега, на три–четири години подоцна, како ЕУ повторно да ни дава некои одредени услови во однос на тие исти работи што ние еднаш сме ги поминале“, вели поранешниот државен секретар во Секретаријатот за европски прашања.
Перо Димшовски, поранешeн државен секретар во Секретаријатот за европски прашања.

Резултати се очекуваат на мајската и на уште една средба која е најавена за септември. Она што беше најавено да се заврши до средината на април, вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи го презентираше на почетокот на месецов на неколку дена пред доаѓањето на еврокомесарот, кое медиумите почнаа да го гледаат и како предвремено со намера да се поттикнат активностите од оваа агенда во која се оставени многу пропусти.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски на заедничка прес-конференција во Скопје на 5 септември 2011 година.


Ова претставува еден алтернативен начин да се заобиколи блокадата која ни е поставена од Грција, со тоа што кога ќе се завршат овие обврски, кога ќе се реши проблемот на овој или на оној начин со Грција, од кога официјално би стартувале со почеток на преговорите, тоаш се ќе оди многу побргу, тогаш веднаш ќе се затворат оние поглавија кои сега неофицијално се преговараат на некој начин.
Владимир Божиновски, политиколог.
Акциониот план е усвоен од страна на Владата со детаљи околу сите задачи за чија реализација презеде одговорност во март, и во него како што брифираше Арифи, се содржани роковите за реализација на задачите од поглавјата 23 и 24. За познавачите на на македонската интеграциска агенда, станува збор за повторно отворање на политичките критериуми кои што во последниве години се уназадени.

„Во 2009–та година ние имавме некои бенчмаркови кои беа исполнети, сите еден по еден беа тргнати со донесување на различни проевропски закони во администрацијата или во други дејности како правосудството, во земјоделството големи реформи се направија. Меѓутоа сега, на три–четири години подоцна, како ЕУ повторно да ни дава некои одредени услови во однос на тие исти работи што ние еднаш сме ги поминале“, вели поранешниот државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Перо Димшовски.

Дијалогот на високо ниво не е замена за преговори

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи се среќава со евркомесарот за проширување Штефан Филе на 5 септември 2011 во Скопје.


Властите со голема охрабреност отпочнувањето на дијалогот го најавија како добиена можност да се премости периодот на статус кво во евроинтеграциите настаното поради нерешениот спор за името. Во јавноста се уште трае расправата околу тоа дали станува збор за претпристапен, замена за вистински преговори или за скрининг или мониторинг, станува збор за притисок, напредок или надомест за македонската евроинтеграциска блокада.
Овие пет точки, овој договор за мене не е ниту замена за скрининг, ниту некоја награда за да не се лутиме поради блокадата, туку е удар и шамар за власта бидејќи имаме огромен недостаток од политички дијалог и огромен недостаток за волја за политички дијалог. Затоа што тие пет точки и другите подточки кои ни се ставени во договорот не е нешто што е од вчера, туку е нешто што се провлекува последните 20 години.
Соња Стојадиновиќ, политиколог..

„Ова претставува еден алтернативен начин да се заобиколи блокадата која ни е поставена од Грција, со тоа што кога ќе се завршат овие обврски, кога ќе се реши проблемот на овој или на оној начин со Грција, од кога официјално би стартувале со почеток на преговорите, тоаш се ќе оди многу побргу, тогаш веднаш ќе се затворат оние поглавија кои сега неофицијално се преговараат на некој начин“, вели политикологот Владимир Божиновски.

Политикологот Соња Стојадиновиќ, пак, вели:

„Овие пет точки, овој договор за мене не е ниту замена за скрининг, ниту некоја награда за да не се лутиме поради блокадата, туку е удар и шамар за власта бидејќи имаме огромен недостаток од политички дијалог и огромен недостаток за волја за политички дијалог. Затоа што тие пет точки и другите подточки кои ни се ставени во договорот не е нешто што е од вчера, туку е нешто што се провлекува последните 20 години.“

Одговорноста е лично кај премиерот

Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес-конференција во Скопје на 19 февруари 2009 година.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе при мартовската посета на Скопје, рече - ова е дијалог меѓу мене и премиерот! Со ова велат експертите, одговорноста е префрлена на премиерот и активирано е директно прашањето на политичката волја која за многумина се преиспитува и се повикува низ отпочнатиот дијалог.
Политичката волја се гледа од делувањето на владата и од изјавите на премиерот пред се, тој го дава тонот како да работат неговите министри и целокупната државна администрација. Земјите кои се во оваа ситуација, таму премиерите секој ден стануваат и си легнуваат со европската идеја во глава, секоја нивна изјава е поврзана со некој европски процес или достигнување на европски стандарди и критериуми.
Перо Димшовски, поранешeн државен секретар во Секретаријатот за европски прашања.

„Ни се намалува просторот на изговори за неефикасност, јас мислам дека поради таа причина таму се дадени конкретни термини, за да не можеме да изнајдуваме изговори дека работиме, но не сме сработиле ништо“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.

За дел од познавачите на овие процеси, во Македонија во моментов не се создава никаква проевропска атмосфера карактеристична за оние земји кои ја имаат на својата агенда интеграцијата во Европската унија, па тоа го сметаат и за клучен мотив кај Европската комисија да го отпочне овој дијалог со Македонија.

„Јас лично не гледам. Политичката волја се гледа од делувањето на владата и од изјавите на премиерот пред се, тој го дава тонот како да работат неговите министри и целокупната државна администрација. Земјите кои се во оваа ситуација, таму премиерите секој ден стануваат и си легнуваат со европската идеја во глава, секоја нивна изјава е поврзана со некој европски процес или достигнување на европски стандарди и критериуми“, вели Димшовски.

Целиот процес кој се нарекува дијалог на високо ниво Димшовски го гледа пред се како политички потег на ЕУ отворен со намера да држи одредена тензија во врска со евроинтеграциите. И затоа таа е необична по нивото на кое се води на релација еврокомесарот за проширувањето и македонскиот премиер. Во моментов во земјава најраширено е објаснувањето дека Грција е главната пречка, додава Димшовски, што е многу дискутабилно.

„Знаете за Комисијата тоа е дел од процесот, ако вие не можете да се разберете со вашиот најблизок сосед кој е член на ЕУ, значи се уште кај вас нешто не е како што треба.“

Неисполнети политичките критериуми
Филе кога дојде тука го пофали дијалогот што се случува меѓу Владата и Здружението на новинари, ама во меѓувреме се има случено нешто друго, се регистрираше провладино Здружение на новинари. Еднаш ги одвоивме државните службеници па направивме јавни и државни, сега повторно ги спојуваме јавните и државните службеници. И на што личи тоа? Многу е несериозно. Во делот на владеењето на правото, што ви зборува тоа кога се инсистира да се постават оние тројца луѓе за уставни судии.
Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.

За експертите е очигледно дека Европа е незадоволна од спроведените реформи, но најмногу од спроведувањето на политичките критериуми.

Ако погледнете во смислата на дијалогот, ќе видите дека нема никакви декларации, туку конкретна листа на цели во важни области, рече комесарот Филе во март. Доставивме листа од шест заклучоци и анекс за нивно исполнување. Во мај очекувам дека ќе разговараме за приоритетите за следниот период.

„Пристапниот дијалог на високо ниво треба да биде искористен токму за она за што е замислен, а тоа е да се има политички дијалог на високо ниво, за развој на вашата земја, за реформите и за проширувањето“, рече Филе.

Филе тогаш не го заборави прашањето за името, иако споменувајќи го индиректно и со препорака. Битно е да се работи на три агли рече тој:

„Првата е внатрешо–политичка дебата и инклузивно учество во рамките на земјата. Вториот агол е реформскиот процес, а третиот се односите со соседите. Моето мислење е колку поцврсто работите на еден или на два агли, толку подобри услови обезбедувате за останатите агли.“

Премиерот целиот евроинтегративен процес го нарече историски потфат за Македонија и за ЕУ и предизвик на кој владата посветено работи. Прецизниот план на Филе бара од нас измени во законодавствотото за клевета и зајакнување на професионалните стандарди во делот на слободата на изразување како и примена на прописите за сопствеништво на медиумите. Во делот на владеењето на правото поголема ефикасност на судството, негова независност, примена на антикорупциските мерки и подобрување на дијалогот меѓу заедниците, измени во законодавството што се однесува на јавната администрација и вработување според заслугите, одвоеност на државата од партијата и отстранување на пропустите во изборниот законик и на избирачкиот список во рамките на реформата на изборите и подобрувања во делот на пазарната економија со конкретни барања да се подобри пазарот на труд и на образование и да се подобри деловниот амбиент.
Ова се барања кои се провлекуваат многу години наназад велат експертите, но во секоја од областите се уште постојат голем број неисполнети задачи.

„Филе кога дојде тука го пофали дијалогот што се случува меѓу Владата и Здружението на новинари, ама во меѓувреме се има случено нешто друго, се регистрираше провладино Здружение на новинари. Еднаш ги одвоивме државните службеници па направивме јавни и државни, сега повторно ги спојуваме јавните и државните службеници. И на што личи тоа? Многу е несериозно. Во делот на владеењето на правото, што ви зборува тоа кога се инсистира да се постават оние тројца луѓе за уставни судии“, изјави Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.

„Значи се уште судството е зависно од државниот буџет, кога ќе му дадете финансиска независност тогаш ќе можат судиите да донесуваат вистински судски одлуки без никави политички притисоци“, вели Соња Стојадиновиќ.

Слободата на медиуми тоне

Претставниците на извршната власт работите ги гледаат поинаку. Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски вели дека во делот на јавната администрација е постигнат голем напредок и дека ЕУ го покажува задоволството од тоа што е до сега направено.

„Од аспект на администрацијата, веќе работиме на нов Закон за администрација, каде Законот за државни службеници и Законот за јавни службеници ќе бидат опфатени во еден закон, да се знае, бидејќи сепак во општеството постојат некои нејаснотии за тоа кои се опфатени со јавни службеници, кои со државни службеници. Овој закон ние го почнавме уште во септември минатата година, сега ни се приклучи и експерт од ЕК, тоа е опфатено со проект кој е со подршка на ЕК за ИПА фондови.“

Дијалогот меѓу Владата и здружението на новинарите во однос на конкретното барање на ЕК за декриминализација на клеветата е закочен. Вицепремиерката Арифи најави исполнување на задачите од оваа област до септември. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најавува подобрување на законската регулатива во делот на медиумите.

„Ние како влада се прокламиравме дека ќе има декриминализација, а сега остануваат уште некои детали, така што ние она што сме го ветиле ќе го направиме. Има таму некои работи што треба да се усогласат, но ние како влада стоиме се уште зад тоа дека ќе има декриминализација и ќе се дискутира и ќе се води дијалог со повеќе чинители на пазарот.“

Последниот извештај на организацијата Фридом Хаус забележа голем пад на слободата на печатот во земјава и ја рангираше на 115 место во светот од 197 земји, или со најлош статус во регионот. Политизираните одлуки на регулаторните тела се една од причините како и затворањето на неколку медиуми во 2011-та година. Партизираноста на сите сегменти и политичкиот дијалог, според експертите, се се уште најголемите проблеми во земјава.

За дел од експертите, она што се бара во акцискиот план испорачан од Брисел не може да биде предмет на неколкумесечна работа зошто станува збор за процеси на кои и до сега сме морале да направиме значајни исчекори. Она што може да се искористи како придобивка од дадената шанса е да се покаже подготвеност да се работи поинтензивно во однос на до сега покажаното.

Менувањето на демократската свест кај сите чинители во општеството се чини не се менува со нормативни решенија и тие не се доволни за да можеме да кажеме дека сме подготвени да градиме демократско општество, вели професор Денко Малески.

„Слободата не се балансира со одговорност така што многу тешко ние ќе станеме Европејци во своето поведение и за тоа ќе ни треба многу време.“

Исходот од дијалогот зависи од политичката волја на власта

Каков ќе биде исходот од дијалогот на високо ниво зависи од тоа колку властите ќе покажат интерес и волја да работат на оваа агенда, велат експертите, но негативниот исход може да ја доведе во прашање препораката која ЕК ја повторува две години во своите есенски извештаи за напредокот.

„Мислам дека Комисијата сега нема да може да ги игнорира сопствените извештаи. Овојпат може да се случи да не добиеме препорака за почеток на преговори што практично ќе значи дека политичките критериуми Македонија повторно нема да ги исполни и ќе се вратиме повторно во 2004-та година“, вели Димова.

Вицепремиерката за евроинтеграции најави дека е предвидено најголем дел од задачите наведени во акцискиот план да бидат завршени во јуни и септември, а мал дел да останат за до крајот на годинава. Неофицијалните информации говорат дека намерата на Владата е најголем дел од активностите да се завршат до затворањето на овогодишниот извештај на ЕК.

Пред доаѓањето на Филе на 7 мај, во земјава престојуваше и група експерти од Европската комисија и од земјите членки кои како редовна активност оценуваа до каде е стигната Македонија во областите опфатени во поглавјето 23. Извештајот на овие експерти се зема предвид при подготовката на годишниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Арифи рече дека имаме со што да се пофалиме пред Филе. Дали еврокомесарот ќе биде задоволен, ќе видиме по неговите средби во Скопје веќе со почетокот на наредната недела.