Министерката Јанкулоска рече дека уапсените се следбеници на радикалниот ислам, кои војувале во Авганистан и во Пакистан.
Откриени се извршителите на петкратното убиство кај Смиљковското Eзеро. Како што соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска врз основа на истражните докази се работи за следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале против НАТО војниците во Авганистан и во Пакистан. Најголемиот дел од вкупно 20-те приведени се македонски државјани од Скопје.
„На територијата на градот Скопје, на различни локации, на повеќе локации, со лицата во моментот се работи и зависно од финалните квалификации до кои ќе дојдеме, понатаму ќе се процесуираат соодветни поднесоци или пријави за овие лица“, рече Јанкулоска.
МВР против нив ќе поднесе кривични пријави за тероризам.
„Меѓу овие 20 има лица кои се директно инволвирани во грозоморното убиство на Смилковското Езеро, но има и лица за кои немаме податок дека се од тие кои биле на лице место во критичниот момент. Се работи за лица од Скопје, лица кои се следбеници на радикалниот ислам, кој како таков е подеднаква закана и опасност и за припадниците на христијанската религија и за муслиманските верници и мотивите кои практично ги имаат овие лица при извршувањето на кривичните дела или при нивното дејствување се првенствено создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните“, рече Јанкулоска.
На 12 април крај Смиљковското Езеро брутално беа убиени пет лица. Според досегашните информации на полицијата, младите луѓе се убиени од автоматско оружје од непосредна близина. По еден ден од убиството полицијата на 10 километри од местото на злосторството пронајде автомобил Опел омега за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците. Утринава МВР спроведе досега најсложена операција поврзана со Велигденскиот масакр кај Смиљковското Езеро која е наречена - Монструм.http://www.youtube.com/embed/JMeFwE_GpXQ
Меѓу овие 20 има лица кои се директно инволвирани во грозоморното убиство на Смилковското Езеро, но има и лица за кои немаме податок дека се од тие кои биле на лице место во критичниот момент. Се работи за лица од Скопје, лица кои се следбеници на радикалниот ислам.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.