Министерството за внатрешни работи на Република Македонија потврди дека се откриени убијците од Смиљковско Езеро. Станува збор за група од Скопје - следбеници на радикалниот ислам, потврди Министерката за внатрешми работи Гордана Јанкулоска. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници. Приведени се 20 лица по различни основи. МВР против нив ќе поднесе кривични пријави за тероризам.
На 13 април на брегот на езерото кај Смиљковци беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скоспкото село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, биле застрелани од непосредба близина.