Доктор обезглавен во Пакистан

Доктор кој работел за Меѓународниот комитет на црвениот крст во Пакистан бил пронајден мртов, соопштија тамошните власти. Полицијата соопшти дека обезглавеното тело на Кали Расџед Дале било пронајдено денеска на излезот од градот Куета во близина на авханистанската граница. Дале бил киднапиран на 5 јануари. Црвениот крст го прогласи чинот за варварски, додека британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг го опиша како безчувствителен и суров акт против човек кој им помагал на луѓето во Пакистан. Полицијата соопшти дека било пронајдено писмо покрај телото во кое било наведено дека Дале бил убиен поради тоа што не биле исплатени пари за негово ослободување.