Државата ги заборави загинатите кај Вејце

Без претставници од владата, семејствата и колегите им оддадоа почит на загинатите војници и полицајци пред 11 години во тетовско Вејце, објавија дел од македонските медиуми. Телевизијата Алфа објави дека на гробот на загинатите во Македонска Каменица не дошле претставници на државата.

Само еден бранител, Ацо Стојановски, се појави пред споменикот на бранителите во Паркот жена-борец во Скопје.

Пред споменикот на загинатите бранители во Битола дојдоа преставници на локалната полиција и локалната власт, но и таму немало државни преставници.

На денешен ден во 2001 година во заседа кај селото Вејце, во околината на Тетово загинаа осум припадници на безбедносните сили од кои четворица беа од редовите на АРМ, а останатите четворица од составот на МВР.