Во новото време, одговорот на прашањето дали власта е добра или не, дали одреден управувач е добар или не, ќе зависи од неговиот однос, неговата посветеност и работа, неговиот пристап и најмногу од неговиот досегашен успех и желбата за понатамошна посветеност и работа, пишува за РСЕ Борче Стамов, потпретседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Власта во новото време претставува однос, макар што во природните јазици зборуваме за поседување и ширење на власта, за рамномерно или нерамномерно распределување на власта на личности или групи, како тоа да е некаква стока, која може да се поседува или пак е својство на личноста или групата. Претставува однос на личноста или групата која управува, со сите останати чинители, однос кој понатаму ќе биде ставен на судот на граѓаните или чинителите во одредена организација.
Од многу одамна, зборот власт е меѓу малкуте зборови кои многу често се употребуваат, на прв поглед без особена потреба да се осмислат. Поврзана со удобноста и славата, власта е повод за многу конфликти. Бертран Расел доаѓа до идејата дека власта, заедно со славата остануваат виш стремеж на луѓето и нивна најголема награда. Малку се тие, кои при разговор не ја споменуваат власта. За претседатели и премиери се зборува дека ја поседуваат или не во неопходните размери. За други политичари се смета дека ја зголемуваат власта или ја губат. За корпорации или синдикати се мисли дека се моќни, а додека пак за моќта на мултинационалните корпорации дека често дури e опасна.
Без сомнение, повеќето навистина го знаат тоа – но само до некаде. Дури Макс Вебер, германски социолог и политолог, длабоко навлезен во сложеноста на темата, се задоволува со една дефиниција, блиска до секојдневната: власта е можност за наметнување на нечија волја врз однесувањето на други индивидуи. Тоа речиси сигурно е општото разбирање: некој или некоја група ја наметнува својата волја, цел или цели на други, вклучително и на оние кои не се согласни или се непријателски настроени. Разблирливо, колку е поголема способноста да се наметне таа волја и да се постигне соодветната цел, толку помоќна е и власта. Токму затоа поимот власт, има такво значење соодветно на здравиот разум, што дури се употребува толку често и со мала, на прв поглед, потреба од толкување.
Со оглед на сето тоа, како што одбележува Адолф Берл, прашањето за власта не е потцртано или изотерично. Никој не би требало да пристапува кон него со чувство дека тоа е тајна, до која може да дојдат само просветлените. Сите изводи за власта може да се проверат во корелација со општо прифатените набљудувања и некомплициран здрав разум.
Често се коментираат причините за стремежот кон власта. Ако оние кои се стремат да дојдат на власт, или оние кои се на власт, ги одразуваат интересите на поголем број на граѓани, тогаш тие бидуваат прогласувани за лидери или државници. Ако целта е секогаш да се допринесе за подобро и по просперитетно општество, тогаш тие се повторно и повторно избрани да управуваат. Во новото време, власта ги остварува своите ветувања, реформите, овозможува подобар живот на граѓаните, оставајќи трајни дела, а постојаниот успех и резултатите се само награда за тоа.
Исто така, се проценува дека намерите со кои се гони власта, често се прикриени и умислено скриени од искусните лажливци. Ако гонидбата на власта е потчинета на тесните интереси на одредена група, се чини дека тогаш кон власта се стремат поради егоистични цели. Политичарот, кој се дограбува до власта во името на материјалните интереси на своите богати приврзаници (олигарси), е особено слаткоречив, опишувајќи се себе си како општествен добронамерник и дури како срдечен и верен заштитник на сиромашните. Понекогаш, дури и како Спасител. Тој никогаш не доаѓа на власт заради тоа што тој сака, туку заради тоа што народот тоа го бара од него. Ако некоја индувидуа, навистина е лишена од власт, и во исто време не ги крие амбициите да се здобие со колку е можно повеќе власт, тој нема да го истакне тоа, со цел да добие симпатии во општеството. Туку напротив, тој демонстрира јавно недостаток на секаква власт и ред во општеството, што всушност е доста добитна стратегија, подмолна и добра за маскирање.
Доволно образованиот бизнисмен, во новото време веќе не најмува работници за да ја зголеми печалбата, неговата подлабока намера е да осигури работни места и да го помогне развојот на општеството и неговата благосостојба, да осигури успех на системот за слободно претприемништво, а со тоа и сопствениот успех. Возрасните се трудат, затоа што тоа е така примено. Според непишаните правила на деловно однесување од службениците во одредено бизнис претпријатие, се очекува тие да ја даваат целата енергија на тоа што работат.
За власта ретко се зборува непристрастно, малку се темите кои можат да предизвикат слична позитивна или најчесто негативна реакција. Даден политичар, во очите на едни е влијателен и работлив, а за други е опасно безкорпулозен. Очигледно во многу случаи, одговорот на прашањето дали власта е добра или лоша, зависи од гледната точка – од различните реакции, добиени во зависност од тоа, чие покорство се следи и чии интереси се засегнати.
Во новото време, одговорот на прашањето дали власта е добра или не, дали одреден управувач е добар или не, ќе зависи од неговиот однос, неговата посветеност и работа, неговиот пристап и најмногу од неговиот досегашен успех и желбата за понатамошна посветеност и работа. Способноста да се слушне својот народ, да се донесе одлука, желбата и волјата за понатамошни успеси, граѓаните ќе знаат тоа да го ценат. Кога нешто се работи искрено и од срце, кога се дава максимум, граѓаните ќе знаат тоа да го поддржат.
Од многу одамна, зборот власт е меѓу малкуте зборови кои многу често се употребуваат, на прв поглед без особена потреба да се осмислат. Поврзана со удобноста и славата, власта е повод за многу конфликти.
Од многу одамна, зборот власт е меѓу малкуте зборови кои многу често се употребуваат, на прв поглед без особена потреба да се осмислат. Поврзана со удобноста и славата, власта е повод за многу конфликти. Бертран Расел доаѓа до идејата дека власта, заедно со славата остануваат виш стремеж на луѓето и нивна најголема награда. Малку се тие, кои при разговор не ја споменуваат власта. За претседатели и премиери се зборува дека ја поседуваат или не во неопходните размери. За други политичари се смета дека ја зголемуваат власта или ја губат. За корпорации или синдикати се мисли дека се моќни, а додека пак за моќта на мултинационалните корпорации дека често дури e опасна.
Без сомнение, повеќето навистина го знаат тоа – но само до некаде. Дури Макс Вебер, германски социолог и политолог, длабоко навлезен во сложеноста на темата, се задоволува со една дефиниција, блиска до секојдневната: власта е можност за наметнување на нечија волја врз однесувањето на други индивидуи. Тоа речиси сигурно е општото разбирање: некој или некоја група ја наметнува својата волја, цел или цели на други, вклучително и на оние кои не се согласни или се непријателски настроени. Разблирливо, колку е поголема способноста да се наметне таа волја и да се постигне соодветната цел, толку помоќна е и власта. Токму затоа поимот власт, има такво значење соодветно на здравиот разум, што дури се употребува толку често и со мала, на прв поглед, потреба од толкување.
Со оглед на сето тоа, како што одбележува Адолф Берл, прашањето за власта не е потцртано или изотерично. Никој не би требало да пристапува кон него со чувство дека тоа е тајна, до која може да дојдат само просветлените. Сите изводи за власта може да се проверат во корелација со општо прифатените набљудувања и некомплициран здрав разум.
Во новото време, одговорот на прашањето дали власта е добра или не, дали одреден управувач е добар или не, ќе зависи од неговиот однос, неговата посветеност и работа, неговиот пристап и најмногу од неговиот досегашен успех и желбата за понатамошна посветеност и работа.