СДСМ контра ВМРО за aквапаркот

Градоначалникот на општина Карпош и претседател на градската органзиација на СДСМ Стевчо Јакимовски оцени дека трошењето на средства за изградба на Аква парк во моментот не е приоритет и оти парите би можело да се искористат за понеопходни инвестиции, јави МИА. „Во време кога Владата крати 9 милиони евра во јавното здравство, 11 милиони евра во образованието, мислам дека овие 3 милиони евра за Аква паркот можат да се потрошат на други понеопходни инвестиции“ изјави Јакимовски. Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на градоначалникот на Карпош, рече дека во областите кои ги споменува тој, актуелната Влада дала најмалку пет пати повеќе средства од која било влада на СДСМ претходно. „Го повикуваме Стевчо Јакимовски да не биде толку загрижен. Оваа година ќе се продолжи со проширувањето на булеварот „Илинденска“. Само да потсетиме, СДСМ правеше протести за проширувањето на „Илинденска“ поради сечењето на неколку дрвца и ја кочеше реализацијата на овој проект“ изјави Лазаровски.