Со оваа власт и со пропагандните методи кои ги користи, ниту едно чудо не е невозможно. За жал во целата оваа трагикомична ситуација останува да се помолиме во иднина оние позитивните чуда да ни се случуваат почесто на сметка на „чудата“ кои се јавуваат како последица на владеењето на режимот на ВМРО ДПМНЕ, пишува во колумната за РСЕ Претседателот на Социјалдемократската младина Дарко Давитковски
Чудесна земја Македонија. Само така може наједноставно да се опише нашата Македонија. Нема катастрофа или човечка глупост што ја има одминато, а сепак гордо сјае на Балканот. Била поделена, поробена и угнетувана. Но, и покрај сето тоа македонскиот народ успева да си го оствари вековниот сон – да живее во самостојна, независна и суверена Република Македонија. Чудо беше што самостојноста ја стекна по мирен пат, благодарејќи на разумот на луѓето кои тогаш ја водеа државата, а најмногу на мудроста и искуството на првиот претседател Глигоров. Гледано од оваа временска дистанца, вистинско чудо беше што додека национализмот на Балканот однесе илјадници невини жртви, Македонија беше нарекувана „оазата на мирот“.
За разлика од тие чуда на кои сите им се восхитувавме, денешниве чуда за жал изгледаат очајно. Еве на пример бензинот. Се сеќавам на времето кога луѓето зборуваа „ставам триста денари бензин и возам неколку дена“. Денес за истите тие пари може да се добие гориво за одвај половина час возење со некој поекономичен автомобил. И Владата на Груевски е живо чудо. На светските берзи нафтените деривати паѓаат, кај нас растат, секогаш обратно пропорционално од светските трендови. Така беше и со кризата, кога светот се соочи со економска криза, министрите од оваа Влада не’ убедуваа нас, дека не одминало цунамито. Кога заврши светот излезе од економската криза, Владата најави дека кризата пристигна и во Македонија.
Уште поголемо чудо е како преживува најголемиот дел од македонскиот народ. Само за неколку години цените на сите производи се зголемени за неколку пати, на пример, лебот, брашното и зејтин поскапеа за педесет отсто. За цените на другите основни прехранбени продукти не сакам ни да зборувам, вистинско чудо се! Чуда за кои граѓаните се молат секој ден.
Перспективата на младиот човек во оваа држава е чудо само по себе , секој втор млад човек гледа, сака и му посакуваат да ја напушти земјава во потрага по работа надвор од неа. Ама живо чудо сме и за светот со најголем број на факултети отворени по глава жител, и по дипломирани студенти во светот. Најобразована нација, а сепак шампиони во мизерија. А вреди ли да ги спомнувам „чудесните“ студентски домови кои се буквално руинирани. Не се чепнати ниту реновирани, ама битно за Скопје 2014 можеа да се потрошат преку 250 милини евра.
Кога сме кај Скопје 2014, ајде што е чудо, што фрлаат пари за бетон и железо, а народот нема ни за леб, туку почнаа да ставаат и споменици на личности кои низ историјата се бореле против интересите на македонскиот народ и се потпишале на поделбата на Македонија. И наместо да ги сокријат нивните испревртени идеи за историјата тие почнаа и јавно да му се потсмеваат на македонскиот народ.
Поставија скулптура на Симеон Радев на новоизградената зграда на МНР, а потоа излегоаа со соопштение „извинете техничка грешка, не требаше да го направиме“.
На страна „чудава“ на нашето секојдневие, медиумите пренесоа дека се случи чудо со иконостасот во црквата Св. Димитрија, фреските почнаа да се чистат и да ги враќаат првобитните бои. Нема да навлегувам во тоа дали се работи за чудо или можеби некој хемиски процес, со такви анализи нека се занимаваат оние на кои што тоа им е работа.
Верувам дека сите чуда за кои говорев погоре си имаат своја причина, ама дека чудото во црквата Св. Димитрија се појавило затоа што Господ бара да ја поддржиме Владата убеден сум дека ни мало дете нема да поверува. За жал поединци пробаа и во тоа да не убедат. Нека ми прости Господ ако грешам, ама што е премногу, премногу е.
Како и да е, во оваа земја на чудата повеќе ништо не може да не изненади. Со оваа власт и со пропагандните методи кои ги користи, ниту едно чудо не е невозможно. За жал во целата оваа трагикомична ситуација останува да се помолиме во иднина оние позитивните чуда да ни се случуваат почесто на сметка на „чудата“ кои се јавуваат како последица на владеењето на режимот на ВМРО ДПМНЕ.
Сосема на крај, сакам да Ве информирам дека СДММ овој Велигден ќе го прослави во духот на хуманоста и солидарноста. Ќе се обидеме преку голема хуманитарна акција барем на неколку социјално загрозени семејства да им овозможиме оваа година да го прослават овој голем христијански празник со малку побогата трпеза.
Дозволете ми да ја искористам оваа прилика на сите православни Христијани да им го честитам Велигден и да им посакам пријатно празнично расположение во кругот на најблиските. Христос воскресе. Навистина воскресе.
Кога сме кај Скопје 2014, ајде што е чудо што фрлаат пари за бетон и железо, а народот нема ни за леб, туку почнаа да ставаат и споменици на личности кои низ историјата се бореле против интересите на македонскиот народ и се потпишале на поделбата на Македонија.“
За разлика од тие чуда на кои сите им се восхитувавме, денешниве чуда за жал изгледаат очајно. Еве на пример бензинот. Се сеќавам на времето кога луѓето зборуваа „ставам триста денари бензин и возам неколку дена“. Денес за истите тие пари може да се добие гориво за одвај половина час возење со некој поекономичен автомобил. И Владата на Груевски е живо чудо. На светските берзи нафтените деривати паѓаат, кај нас растат, секогаш обратно пропорционално од светските трендови. Така беше и со кризата, кога светот се соочи со економска криза, министрите од оваа Влада не’ убедуваа нас, дека не одминало цунамито. Кога заврши светот излезе од економската криза, Владата најави дека кризата пристигна и во Македонија.
Уште поголемо чудо е како преживува најголемиот дел од македонскиот народ. Само за неколку години цените на сите производи се зголемени за неколку пати, на пример, лебот, брашното и зејтин поскапеа за педесет отсто. За цените на другите основни прехранбени продукти не сакам ни да зборувам, вистинско чудо се! Чуда за кои граѓаните се молат секој ден.
Перспективата на младиот човек во оваа држава е чудо само по себе , секој втор млад човек гледа, сака и му посакуваат да ја напушти земјава во потрага по работа надвор од неа. Ама живо чудо сме и за светот со најголем број на факултети отворени по глава жител, и по дипломирани студенти во светот. Најобразована нација, а сепак шампиони во мизерија. А вреди ли да ги спомнувам „чудесните“ студентски домови кои се буквално руинирани. Не се чепнати ниту реновирани, ама битно за Скопје 2014 можеа да се потрошат преку 250 милини евра.
Кога сме кај Скопје 2014, ајде што е чудо, што фрлаат пари за бетон и железо, а народот нема ни за леб, туку почнаа да ставаат и споменици на личности кои низ историјата се бореле против интересите на македонскиот народ и се потпишале на поделбата на Македонија. И наместо да ги сокријат нивните испревртени идеи за историјата тие почнаа и јавно да му се потсмеваат на македонскиот народ.
Ама дека чудото во црквата Св. Димитрија се појавило затоа што Господ бара да ја поддржиме Владата убеден сум дека ни мало дете нема да поверува. За жал поединци пробаа и во тоа да не убедат. Нека ми прости Господ ако грешам, ама што е премногу, премногу е.