Српската претседателска кампања е порано од планираното, откако претседателот Борис Тадиќ поднесе оставка и побара предвремени избори кои ќе се одржат на 6 мај. И Борис Тадиќ кој најави дека ќе бара реизбор и Томислав Николииќ, водечкиот опозиционен кандидат, поддржуваат Србија да стане членка на Европската унија. Во истовреме, и двајцата велат дека нема да се откажат од Косово, што е еден од условите за влез во Унијата, се наведува во анализата на Стратфор.
Кога Николиќ беше запрашан дали ќе се откаже од српските барања на Косово за да може неговата земја да влезе во Евопската унија тој одговори: ,,Тоа е како да прашате човек кој има две деца да избере од кое би сакал да се откаже,,.
Неговиот одговор ја сублимира геополитичката дилема со која денес се соочува Србија. Од една страна Србија има аспирации да и се приклучи на Унијата, а од друга, Србија не сака да се откаже од Косово.
Белград потроши најмалку десет години во договорање со Брисел да и дозволи на Србија да влезе во европскиот клуб. Во март, Србија доби кандидатски статус по постигнатиот напредок во преговорите со Косово и по апсењето на осомничените за воени злосторства.
За Белград, приемот во Европската унија нема само економска цел. Србија исто така смета дека тоа е пат за враќање на нејзиното вистинско место, на Запад. Србите отсекогаш својата земја ја гледале како западна земја. Уште повеќе тие веруваат дека се жртвувале во 16 век со тоа што ја заштитиле Европа од освојувачите на Турската Империја.
Како и да е, независно Косово е висока цена за членство во Унијата. Косово има длабока, симболична и емоцијална вредност за србите.
Српското кралство беше родено на Косово во 12 век, па се смета за срце на српскиот идентитет. Затоа за србите, предавањето на Косово значи да се откажат од она што потврдува кои всушност се.
Во деведесетите години од минатиот век Белград употреби воена сила за да го спречи отцепувањето на Косово.
Од финансиска перспектива, прифаќањето на загубата на Косово и приближувањето кон Унијата ќе и донесе на Србија развојни фондови и пристап до европските пазари.
Но, во Србија, историјата и политиката често пати се многу поважни од економските потреби. Во исто време, економската криза во Србија носи опасност од преродба на национализмот.
Како што расте невработеноста и слабее економијата, лидерите на сите политички партии можат да ја запалат искрата на српскиот национализам. На Балканот, екстремниот национализам многу бргу води кон насилство.
Србија се уште е заглавена во вековните противречности. Како татко кој носи одлука кое дете го сака повеќе, така и победникот во Србија се соочува со тежок избор.
Во некои случаи, она што се добива може да биде исто толку вредно како она што се губи, заклучува Стратфор.

Но, во Србија, историјата и политиката често пати се многу поважни од економските потреби. Во исто време, економската криза во Србија носи опасност од преродба на национализмот.Стратфор