Турција ќе ги заштити сириските бегалци

Сириски бегалци во турски камп

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави денеска дека земјата нема да дозволи сириските бегалци во Турција да бидат нападнати од сириска територија. Според него, тие се под заштита на земјата. Во понеделникот шест луѓе беа ранети на турска територија од истрели од сириска страна.
Алтај посочи дека властите сакаат да преземат соодветни дејствија со меѓународната заедница за да не се повторат такви инциденти.