Сирија пред граѓанска војна

Хомс, Сирија

Нема знаци дека сириските владини сили се повлекуваат од побунетите подрачја и покрај тоа што, според договореното со Обединетите нации. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната прес конференција во Москва по разговорите со неговиот сиријски колега Валид Муалем, изјави дека сиријската влада почнала да го применува планот на Кофи Анан. Како и да e, активисти јавуваат дека продолжуваат насилствата.
Планот на Обединетите нации требаше да почне да се почитува од 6 часот по локално време. И покрај тоа, неколку сириски тенкови се уште се позиционирани околу централната провинција Хомс од каде што и натаму бомбардираат, изјави активистот Омар Хомси за западните новински агенции. Според него, планот на пратеникот на Обединетите нации и на Арапската лига Кофи Анан не функционира.

„Сирија е пред граѓанска војна“, вели тој, додавајќи дека, според последните информации, само вчера во Сирија биле убиени 155 луѓе.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната прес конференција во Москва по разговорите со неговиот сиријски колега Валид Муалем, изјави дека сиријската влада почнала да го применува планот на Кофи Анан и оти дел од тој план не прифаќа опозицијата.

Муалем додаде дека неговата влада повлекла дел од силите од градовите согласно договореното со пратеникот на Обединетите нации и Арапската лига.

Тој изјави и дека Дамаск е подготвен да прифати меѓународни посматрачи за да го надгледуваат спроведувањето на планот. Русија и Кина се меѓу земјите кои се уште ја поддржуваат владата во Дамаск.

Вчера сиријските сили стрелале и врз граничните предели на Либан и Турција при што бил убиен еден новинар и најмалку двајца во бегалски камп во Турција. Вашингтон веднаш ги осуди сиријските напади врз пограничните зони на Либан и Турција.
Дозволете ми само да кажам дека силно осудуваме секаков напад на сирискиот режим врз бегалци во соседните земји и ние сме апсолутно бесни од овие извештаи. Ја поддржуваме турската влада која бара од сирискиот режим веднаш да го прекине огнот. Ваквите инциденти се уште една индикација дека режимот на Асад нема намера да ги испочутива обврските договорени со Кофи Анан. Не само што насилството не запре, туку тоа деновиве се влоши.
Викторија Нуланд, портпаролка на Стејт департментот.

Во меѓувреме, сириската државна агенција САНА објави дека шефот на дипломатијата Валид ал Моалем е во Москва на разговори со неговиот колега Сергеј Лавров. Русија и Кина се меѓу земјите кои се уште ја поддржуваат владата во Дамаск.

Вашингтон веднаш ги осуди сириските напади врз пограничните зони на Либан и Турција.

„Дозволете ми само да кажам дека силно осудуваме секаков напад на сирискиот режим врз бегалци во соседните земји и ние сме апсолутно бесни од овие извештаи. Ја поддржуваме турската влада која бара од сирискиот режим веднаш да го прекине огнот. Ваквите инциденти се уште една индикација дека режимот на Асад нема намера да ги испочутива обврските договорени со Кофи Анан. Не само што насилството не запре, туку тоа деновиве се влоши“, изјави портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд.

Претходно, Турција соопшти дека ќе преземе соодветни мерки доколку се повторат нападите од Сирија.

Викторија Нуланд


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека бил алармиран од извештаите за ескалација на насилството.

Сирија во неделата соопшти дека нема да ги повлече своите трупи без писмени гаранции од бунтовниците оти ќе ги запрат нападите и ќе го положат нивното оружје.

„Ако владините сили се повлечат од некои региони, вооружени групи ќе ги преземат и ќе бидат закана за јавната безбедност. Опозицијата има поддршка од странски сили и тие по примирјето ќе добијат предност“, изјави членот на сирискиот парламент Џабари.

Опозициската Слободна сиријска армија го отфрли овој услов и потврди дека ќе го почитува она што му го ветила на Кофи Анан.

Турската новинска агенција Анадолија го цитира заменик шефот на дипломатијата Наџи Кору кој изјави дека доколку сиријскиот режим не ги повлече трупите тогаш од 10 април следува нова фаза во решавањето на проблемот.