Македонија не смее да биде заборавена во Чикаго

Централниот столб на НАТО проширувањето, е отфрлено од агендата во Чикаго. Тоа мора да се поправи. Одбивањето прием на земјите како што е Македонија, која ги исполни сите потребни услови и постојано придонесува во колективната одбрана на Алијансата, ги ослабнува клучните регионални цели на безбедноста, стабилноста и просперитетот. Ова го оценува Сали Пеинтер главен оперативен директор на „Блу Стар стратегии“ во анализата објавена во весникот „Хил“ на американскиот Конгрес. Одбивањето на Македонија претставува опасен преседан за другите регионални ривали дека една земја може бесконечно да го попречува приемот на друга земја, порачува Сали Пеинтер.