Премиерот Никола Груевски оствари средба со претседателката на албанскиот Парламент, Јозефина Топали. Тие разговарале за развојот на добрососедските односи меѓу Македонија и Албанија, кои ги карактеризираат блиска соработка, бројни активности и иницијативи. На средбата станало збор и за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.
На средбата меѓу Топали и претседателот Ѓорѓе Иванов било констатирано дека дека евроинтеграциите во регионот се придвижуваат и дека Македонија и Албанија треба да продолжат со добрата соработка и со меѓусебната поддршка во таа насока.