Бадијала Хаг без решение за името

Непотребно се создава тензија пред Самиот на НАТО во мај во Чикаго, оти тоа нема да биде Самит за проширување, вели Лазе Еленовски, претседател на Евро - атлантскиот Совет.
Мариет Шурман, амбасадорката на Кралството Холандија, која е НАТО контакт амбасада во Република Македонија го повтори ставот дека важат одлуките од Букурешт и од Лисабон дека Македонија има отворена покана за Алијансата штом се изнајде заемно решение за билатералниот спор меѓу двата соседа. На прес конференцијата по повод 63 годишнината од основањето на НАТО таа се осврна и на одлуката од Хаг.
Одлуката на меѓународниот суд за правда од Хаг е одлука за однесувањето на двете страни во однос на Времената спогодба, а не за одлуката на НАТО која се носи со консензус. Но, тоа е одлука и ние сме задоволни што Владата на Македонија ја интерпретира како поттик за да ги заживее разговорите со својот сосед за изнаоѓање решение за името.
Мариет Шурман, амбасадорка на Кралството Холандија.

„Одлуката на меѓународниот суд за правда од Хаг е одлука за однесувањето на двете страни во однос на Времената спогодба, а не за одлуката на НАТО која се носи со консензус. Но, тоа е одлука и ние сме задоволни што Владата на Македонија ја интерпретира како поттик за да ги заживее разговорите со својот сосед за изнаоѓање решение за името што ќе дозволи интеграција на земјата во НАТО и ЕУ што ние сите го посакуваме.“

Лазе Еленовски од Евро - атлантскиот Совет рече дека во јавноста непотребно се создава тензија пред Самиот на НАТО во мај во Чикаго и оти тоа нема да биде Самит на проширување.

Министерот за надвпрешни работи Никола Попоски, премиерот Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на состанок на Северноатланскиот совет во Брисел на 25 јануари 2012 година.


„Со исполнети критериуми за членство во Алијансата на Македонија не и треба самит, бидејќи поканата ќе ја добие веднаш штом се изнајде компромисно решение за името со Грција. Дополнително што Алијансата во моментов е преокупирана со современите предизвици на светската безбедност.“
Со исполнети критериуми за членство во Алијансата на Македонија не и треба самит, бидејќи поканата ќе ја добие веднаш штом се изнајде компромисно решение за името со Грција.
Лазе Еленовски, Евро - атлантски Совет.

На последните три самита Алијансата со слична реченица кажа дека Македонија ги исполнува сите критериуми, но останува прашањето со нашиот јужен сосед кој што треба да се реши во рамки на ОН во Њујорк. Се уште немаме никакво решение, одлуката од Хаг е легитимна, но за жал станува збор за политички проблем. Таа има влијание, но сите сме свесни за политичката и економска криза со која се соочува другата страна која оневозможува сериозни преговори, смета Еленовски.

„Принципот на консензус е основно. Свесни сме дека другата страна се соочува со економска и политичка криза и едноставно невозможност во таа насока да се држат сериозни преговори“,рече Еленовски.

Според него за Алијансата на Самиот ќе бидат важни теми мисијата ИСАФ, по одлуката за повлекување на трупите од Авганистан во 2014 и концептот на колективна одбрана што беше промовиран лани и се однесува особено на европските земји кои имаат проблем со намалување на одбранбените буџети.