Aкцијата „Детонатор“ ќе биде успешна само кога ќе бидат казнети и заштитниците во институциите на уапсените криминалци.
Полицијата уверува дека сите што на каков било начин биле вклучени во работата на мафијата од Кочани и Виница ќе бидат казнети. За секој што ќе бидат обезбедени дозволно докази ќе биде покрената постапка, но однапред не може да се предвиди каква ќе биде таа. Полицијата ќе оди до крај за да го расчисти целиот случај, велат од Министерството за внатрешни работи.
За експертите, акцијата „Детонатор“ во која беа уапсени 23 осомничени, ќе биде успешна само кога ќе бидат казнети и нивните заштитници во институциите.
Професорот по безбедност Владимир Пивоваров вели дека оваа појава требало да биде спречена на самиот почеток, ососбено затоа што била јавна тајна дека таква криминална група функционира и го тероризира локалното население.
„Таа групација од ден на ден растела, станувала финансиски помоќна, правела се поголем продор во политичкиот простор, во политичките партии, се повеќе влегува во институционалниот систем и тогаш веќе нема крај.“
Според аналитичарот Алберт Муслиу, не е логично тоа што полицијата дозволила толкав период да функционира таква криминална група. Не сум убеден дека до централата на МВР не можеле да стигнат вистинските информации за тоа што се случувало во малите гратчиња.
„Не е ова единствен случај. Во политизирано и партизирано општество злоупотребите се од овој вид, партиски пријатели, партиски моќници, но и партиски војници на овој или на оној начин ги злоупотребуваат своите контакти или својата работа сработена во изборниот процес.“
За да бидеме убедени дека власта вистински се бори против организираниот криминал во земјава, потребно е да се казнат вистинските виновници, а не само извршителите на криминалните дела, согласни се нашите соговорници.
„Ако не се расчисти со тие кои им давале логистика, кои фактички ги заштитувале, апсолутно нема да се постигне саканиот ефект. Значи секогаш ќе горат ситните риби во таквите организации“, вели Пивоваров.
„Ако не се казнат нивните заштитници, тоа е исто како да го казниш пиштолот, а да не го казниш тој што пукал. Тие се реално извршители, а моќниците се тие кои се вистинските виновници“, вели Муслиу.
Полицијата соопшти дека мафијата во Кочани и во Виница имала полициска и судска заштита, а освен во овие две институции членовите на мафијата имале и свои луѓе во УЈП и општинската администрација. Токму поради вклученоста на полициски инспектори и партиски лица во целата игра, полицијата не преземала мерки да го запре теророт, а информации за пријавените случаи не стигнувале до централата на МВР.
Дури откако МВР дошло до информации дека на територијата на Кочани има група која дејствува на ниво на мафија, отворила оперативна акција. Во акцијата Детонатор засега се уапсени 23 осомничени, од кои 16 се во притвор. Од нив еден е сопруг на пратеничка, а еден е брат на поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако не се расчисти со тие кои им давале логистика, кои фактички ги заштитувале, апсолутно нема да се постигне саканиот ефект. Значи секогаш ќе горат ситните риби во таквите организации.Владимир Пивоваровм универзитетски професор.
За експертите, акцијата „Детонатор“ во која беа уапсени 23 осомничени, ќе биде успешна само кога ќе бидат казнети и нивните заштитници во институциите.
Професорот по безбедност Владимир Пивоваров вели дека оваа појава требало да биде спречена на самиот почеток, ососбено затоа што била јавна тајна дека таква криминална група функционира и го тероризира локалното население.
„Таа групација од ден на ден растела, станувала финансиски помоќна, правела се поголем продор во политичкиот простор, во политичките партии, се повеќе влегува во институционалниот систем и тогаш веќе нема крај.“
Ако не се казнат нивните заштитници, тоа е исто како да го казниш пиштолот, а да не го казниш тој што пукал. Тие се реално извршители, а моќниците се тие кои се вистинските виновници.Алберт Муслиу, политички аналитичар.