Меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан денеска треба да го запознае Советот за безбедност на Обединетите нации со тоа дали сирискиот режим го спроведува неговиот план. Во меѓувреме, Вашингтон најави дека ќе ја снабдува сириската опозиција со комуникациска опрема.
Дамаск го прифати планот кој вклучува прекин на огнот, повлекување од градовите и пристап на хуманитарна помош, но засега нема знаци дека и го исполнува.
Вчера во Истанбул на собирот наречен Пријатели на Сирија беше побарано од Анан да постави временска рамка за идните чекори кои би требало да ги преземе сирискиот претседател Башар ал Асад.
На состанокот, американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека Асад мора да замине од власт.
„Затоа денеска повикуваме на итно запирање на убивањата во Сирија и бараме од заедничкиот пратеник Кофи Анан да постави временска рамка за наредните чекори. Светот нема да се откаже. Асад мора да замине и сирискиот народ мора да биде слободен за да го избере својот сопствен пат.“
Клинтон додаде дека Вашингтон ќе почне да ја снабдува сириската опозиција и со комуникациска опрема.
„Соединетите Држави, освен со хуманитарна помош, ќе ја поддржува граѓанската опозиција и со комуникациска опрема која ќе им помогне на активистите да се организираат, да ги избегнуваат нападите од режимот и да се поврзат со надворешниот свет.“
Повеќе од 80 земји претставени во Истанбул исто така го признаа опозицискиот Сириски национален совет за легитимен претставник на Сиријците.
Дел од агенциите јавија дека некои арапски земји како Саудиска Арабија ги повториле повиците за вооружување на сириската опозиција, но за тоа не била постигната согласност.
На маргините на конференцијата, Сирискиот национален совет објави дека ќе формира фондови за плати за бунтовниците кои се борат против силите на Асад.
Бунтовничката Слободна сириска армија во саботата најави дека нема да се бори доколку Асад го повлече тешкото оружје од градовите.
Меѓутоа, Дамаск соопшти дека трупите и тенковите ќе останат се додека во бунтовничките градови не се врати, како што е наведено, нормалниот живот.
Сириската влада исто така објави дека извојува победа врз бунтовниците. Аналитичарите оценуваат дека доколку Кофи Анан забележал прогрес во спроведувањето на неговиот план, тогаш би можело да почне подготвување резолуција за испраќање 250 посматрачи на Обединетите нации за да го надгледуваат прекинот на огнот во Сирија.
Доколку Анан констатира мал напредок, тогаш, според аналитичарите, би следувала резолуција против режимот на Асад.
Во меѓувреме, во Сирија продолжуваат насилствата. Активистите јавија дека само вчера биле убиени околу 70 луѓе, меѓу нив и 12 цивили во Хомс.
Повикуваме на итно запирање на убивањата во Сирија и бараме од заедничкиот пратеник Кофи Анан да постави временска рамка за наредните чекори. Светот нема да се откаже. Асад мора да замине и сирискиот народ мора да биде слободен за да го избере својот сопствен пат.Хилари Клинтон, државна секретарка на САД.
„Затоа денеска повикуваме на итно запирање на убивањата во Сирија и бараме од заедничкиот пратеник Кофи Анан да постави временска рамка за наредните чекори. Светот нема да се откаже. Асад мора да замине и сирискиот народ мора да биде слободен за да го избере својот сопствен пат.“
Клинтон додаде дека Вашингтон ќе почне да ја снабдува сириската опозиција и со комуникациска опрема.
Соединетите Држави, освен со хуманитарна помош, ќе ја поддржува граѓанската опозиција и со комуникациска опрема која ќе им помогне на активистите да се организираат, да ги избегнуваат нападите од режимот и да се поврзат со надворешниот свет.Хилари Клинтон, државна секретарка на САД.