Криза на политиката

Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Но, зачудува ароганцијата и самобендисаноста кај експертите во СДСМ, кои никако да прифатат критика иако ресорите за кои се задолжени да ги водат, внатре во партијата, ги следат скандали, пишува за РСЕ Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
Деновиве можевме да видиме уште еден „експерт“, промовиран од страна на кадровиците на СДСМ, кој, иако задолжен внатре во партијата да го организира партискиот подмладок, тој, како на шега, нудеше решенија за проблемите со цената на нафтата. Зголемувањето на цената на нафтата претставува проблем за целиот свет и за кој ниту еден релевантен не предложил решение. Но ние, овде во Македонија имаме експерти за се‘, дури и за нафта.

Навистина е несериозно некој да излегува и да зборува за проблеми, а уште повеќе да нуди Решенија за нешто што воопшто не е стручен за тоа, ниту пак е негова професија. Но, зачудува ароганцијата и самобендисаноста кај експертите во СДСМ, кои никако да прифатат критика иако ресорите за кои се задолжени да ги водат, внатре во партијата, ги следат скандали. Несериозно е лидер на младинска организација да збори за светски проблем, а истиот да нема време да се позанимава со проблемите во својот двор, да нуди решенија за светски проблем, а не може да најде решение за проблемите во својот подмладок кој од ден на ден се повеќе му се распаѓа.

Македонија веќе не е истото место за живеење како пред 5, 10 или 15 години. Ниту политичката сцена денес е иста со времето кога политички игри од ваков тип можеа да поминат. Денес во Македонија има се’ повеќе образовани млади граѓани, знаат да направат разлика помеѓу обид за собирање дневно-политички поени и политички издржани критики и предлози. Дури и оние постарите, веќе неколку пати изгорените, не веруваат во стариот кадровик и експертите кои ги нуди тој со нивните решенија.
Решенијата кои ги нуди Црвенковски во пакет со неговите експерти групирани во совети, дел нови, а повеќето прочитани, за свои не можат да ги препознаат ниту неговите помлади сопартијци. Она што УМС многу пати го има повторено, беше потенцирано и од дел од раководството на СДММ, а тоа е дека СДСМ очигледно не е решен да им даде шанса на младите и независни членови, туку ги форсира истрошените кадри од транзицијата.
..


Имајќи го ова предвид, воопшто не ме зачудува и информацијата која ја добивме преку медиумите за внатрешните случувања во СДСМ, поточно во партискиот подмладок. Решенијата кои ги нуди Црвенковски во пакет со неговите експерти групирани во совети, дел нови, а повеќето прочитани, за свои не можат да ги препознаат ниту неговите помлади сопартијци. Она што УМС многу пати го има повторено, беше потенцирано и од дел од раководството на СДММ, а тоа е дека СДСМ очигледно не е решен да им даде шанса на младите и независни членови, туку ги форсира истрошените кадри од транзицијата.

Обидите за креирање на кризи или креирање на впечаток дека постои криза во Македонија, одбегнувањето да се учествува во расправа, одбегнувањето на соочување на фактите и аргументите се нешто што не е непознато на нашата политичка сцена. Но, за разлика од порано ова претставува прочитана книга. Книга која имаше многу страници, многу поглавја, но сепак, прочитана до крајот и извадено многу поуки од неа.

Единствена политичка криза во Македонија има во СДСМ. Тие тешко функционираат и како опозиција. Зачудува фактот, како може било какво политичкото раководство после толку политички порази да смета дека води правилна политика и дека истата таа политика, еден ден ќе им ја исполни, чинам единствената политичка желба – да бидат на власт.

Во било која земја, во било какво политичко дејствување, кога ќе се остане глув на пораките и критиките од младите, казната стигнува порано или подоцна.... Црвенковски очигледно ќе остане глув на пораките од неговите млади членови дека е време за промена на истрошените политичари, но фактурата многу веројатно ќе стигне на негова адреса на веќе наредните избори, но тој веројатно нема да има време да ја прочита дури и да сака.

Сето ова за нас претставува потврда за ставовите и охрабрување за понатамошна конструктивна критика, кога по којзнае колку пати повторувавме дека Македонија има потреба од нови политичари, од нови политики, а не навраќање на истрошените од времето на мрачната и долга транзиција.

Унијата на млади сили и понатаму останува единствена релевантна младинска политичка опција, која со својата структура и организираност, се покажа дека секој член може слободно да го даде својот придонес, да го искаже своето мислење и да биде пропознаен како квалитетен, единствено затоа што центар во нашето дејствување претставува младиот човек со целиот негов креативен потенцијал.

Токму заради тоа и се разликуваме од останатите, ние ја имаме енергијата која е потребна за напредок, енергија да ги следиме реформите, енергија да бидеме значаен фактор во донесувањето на одлуките.

Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ