Индустриското производство бележи пад. Падот може да биде сезонски тренд, но може и да биде последица од кризата во еврозоната, коментираат експертите.
Падот на индустриското производство претпоставува намалена искористеност на капацитетот на стопанството, што е лош сигнал за економијата а минусот од 8,8 проценти минатиот месец во споредба со февруари минатата година може да биде сезонски тренд, но може и да биде последица од кризата во еврозоната, коментираат експертите.
Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека намалувањето на индустриското производство претпоставува намалена стопанска активност на фирмите од индустрискиот сектор.
„Тоа значи дека ќе биде намалена и самата активност на луѓето кои работат таму. Оваа состојба на намалено индустриско производство е негативен сигнал за самата економија, за насоката во која таа може да се движи. Значи доколку не порасне тој индекс, тогаш можеме да очекуваме дека состојбата во државата може да биде и полоша, луѓето да останата без работа, дел од тие кои работата може да не зимаат плата.“
Дали само кризата во еврозоната влијае на индустриското производство? Излезот може да се бара и во домашната економија, вели Хаџимустафа.
„Можеби излезот би бил да се бараат нови пазари, значи да не се фокусираме само на оние пазари во кои сега извезуваме или од кои увезуваме, затоа што и тоа е исто битно за самите финални производи.“
Битен фактор е и структурата на производството, вели таа, забележувајќи дека во Македонија повеќе се произведуваат и извезуваат суровини.
„Доколку нашата индустрија повеќе е насочена кон преработувачки, односно кон создаање на финални производи, тогаш изнаоѓањето на нови пазари, мислам дека со тоа би се ублажил тој ефект на удар на одредени проблеми кои се јавуваат на одреден пазар, во случајов на европскиот пазар и сето тоа влијае и на нашата домашна економија.“
Дали месечниот пад од 8.8 проценти е знак за негативни трендови во домашната економија? На прашањето одговара доктор Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии.
„Еден месец не значи многу, би требало да се почека да се види што се случува со првите три месеци, првиот квартал, кога ќе се имаат тие податоци, тогаш ќе може да се заклучи дали се работи за тренд или за нешто во врска со сезонски фактори и евентуално некои други моментални причини.“
Оваа состојба на намалено индустриско производство е негативен сигнал за самата економија, за насоката во која таа може да се движи, значи доколку не порасне тој индекс, тогаш можеме да очекуваме дека состојбата во државата може да биде и полоша, луѓето да останата без работа, дел од тие кои работата може да не зимаат плата.Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.
Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека намалувањето на индустриското производство претпоставува намалена стопанска активност на фирмите од индустрискиот сектор.
„Тоа значи дека ќе биде намалена и самата активност на луѓето кои работат таму. Оваа состојба на намалено индустриско производство е негативен сигнал за самата економија, за насоката во која таа може да се движи. Значи доколку не порасне тој индекс, тогаш можеме да очекуваме дека состојбата во државата може да биде и полоша, луѓето да останата без работа, дел од тие кои работата може да не зимаат плата.“
Дали само кризата во еврозоната влијае на индустриското производство? Излезот може да се бара и во домашната економија, вели Хаџимустафа.
„Можеби излезот би бил да се бараат нови пазари, значи да не се фокусираме само на оние пазари во кои сега извезуваме или од кои увезуваме, затоа што и тоа е исто битно за самите финални производи.“
Еден месец не значи многу, би требало да се почека да се види што се случува со првите три месеци, првиот квартал, кога ќе се имаат тие податоци, тогаш ќе може да се заклучи дали се работи за тренд или за нешто во врска со сезонски фактори.Владимир Глигоров, Виенски институт за економски студии.