ЕУ побара од Северна Кореа да не лансира ракета

Херман Ван Ромпуј, Жозе Мануел Баросо, Сеул

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј денеска во Сеул изјави дека Европската унија останува сериозно загрижена за севернокорејското нуклеарно оружје како и за ракетната програма на таа земја. Тој побара од Пјонгјанг да се откаже од секаков акт кој би можело да го дестабилизира регионот, односно од планот на Северна Кореа да лансира ракета со долг дострел. Ван Ромпуј и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо учествуваа на нуклеарниот самит во Сеул, а денеска имаа средба со јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак.