Катар заинтересиран да бара нафта и гас во Македонија

Emir of Qatar, Sheikh Hamad bin Khalifa Al Thani

Владиниот економски тим, предводен од премиерот Никола Груевски, денеска ја завршува официјалната посета на Катар со средби со претставници на компании, агенции и фондови од таа земја.
Можностите за инвестирање во Македонија беа претставени и на вчерашниот бизнис-форум во престолнината Доха, организиран од Катарската стопанска комора за трговија и индустрија. Нејзиниот потпретседател Мохамед бин Бин Тавор посочил дека Катар е заинтересиран за инвестиции и заеднички партнерства и на домашниот пазар и во странство и дека таму ја вбројува и Македонија зашто имаат сознанија дека таа нуди добри услови за бизнис.
На вчерашната средба со катарскиот министер за енергија и индустрија Мохамед бин Салех Ал Сада, пак, имало сериозен интерес за можностите за истражување на наоѓалишта на нафта и природен гас во Македонија, како и за можностите за инвестиции во гасификацијата на земјата. Во идниот период ќе се извршат дополнителни технички и комерцијални анализи на деталите и модалитетите на соработка.