Најкоментиран текст изминатата недела е младинската он-лајн колумна на граѓанската активистка Тамара Атанасоска.
Апсолутен рекордер во изминатите денови според предизвиканите реакции е текстот во нашата младинска он-лајн колумна Доста ни е... или не?, што за Радио Слободна Европа го напиша 22-годишната Тамара Атанасовска, граѓанска активистка и блогерка. Таа пишува дека и' е веќе преку глава од владејачката политика без компас, но и од тн. опозиција која спие додека не дојде на власт.
Интересно е што текстот - всушност искрена реакција на она што таа како млад човек го гледа околу себе, го предизвикал Мики веднаш да ја нападне обвинувајќи ја дека критикува, а не дава решение и алтернатива на проблемот. Мики смета дека на Македонија никогаш не и било подобро, дека била многу млада и некомпетентна за да пишува во некој класичен медиум и прашува зошто и нашево радио публикува текстови на независни граѓани, како што вели. Одговарајќи му на Мики, Тамара објаснува дека половично го читал текстот и се фаќал за клучните зборови со кои му е нападнато егото, односно партијата, како што вели.
Благоја уште повеќе ја разочарува младата сограѓанка порачувајќи и' дека, иако не знае дали дипломирала или се' уште студира, со дипломата немала да најде работа и дека била идеалист и млада за да знае дека сме биле во безизлезна ситуација. Но и дека дел од Македонците, колку и да им било лошо никогаш веќе немале да гласаат за Бранко.
Кристина го моли Мики да не просветли и да ни го покажел патот затоа што според него од млад човек не можело да се чуе критичко мислење и дека младите немале очи, не гледале и не слушале и оти требало да си седат во подрум и иронично му порачува дека изгледа се напил повеќе розови апчиња ако мисли дека на Македонија никогаш не и било подобро. Каде живеете луѓе, сами себе се цензурирате, Тамара е во право, Доста е!!! - извикува Кристина.
Филип само кратко порачува едно браво за Тамара, а Петар прашува каде била во изминатите 20 години и дека тие што се на власт сега, биле по заслуга на уште полошата политика на оние што сега се опозиција. Јане, пак, му порачува на Петар дека очигледно не го разбрал текстот, а дека коментарот му бил, како што вели, ретардиран.
На неколкумина слушатели што им пречи младоста на Тамара, таа кратко им одговара дека во изминатите 20 години растела, а дека сега почнала да живее па гледа што се случува и дека тоа не и' се допаѓа.
На Македонија никогаш не и било подобро, со радост би дискутирал за моите аргументи.Коментар од читател.