Заедно до сигурни и безбедни граници

Министерката за внатрешни работи на РМ, Гордана Јанкуловска на министерска конференција за граничната безбедност во ЈИЕ.

Деветата годишна министерска конференција за соработка на полето на граничната безбедност во Југоисточна Европа беше отворена во Скопје. Настанот е во организација на македонското Министерство за внатрешни работи, а под покровителство на данското претседателство со Советот на ЕУ.
Деветата годишна министерска конференција за соработка на полето на граничната безбедност во Југоисточна Европа беше отворена во Скопје. Настанот е во организација на македонското Министерство за внатрешни работи, а под покровителство на данското претседателство со Советот на ЕУ.
Развивањето на идејата за создавање на сигурни и безбедни граници и развивањето на концептот на гранично управување, не обедини во овој сојуз кој опстојува веќе десет години.
Гордана Јанкуловска,Министерка за внатрешни работи .

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изрази уверување дека собирот ќе даде нов квалитет во националната но и во меѓународната безбедност.

„Задоволство ми е што во соработката со Центарот за безбеднос и развој на владеењето на правото, денес и утре ќе бидеме домаќини на 25 земји и осум меѓународни организации, што е гаранција за квалитетни дискусии и размена на искуства.“

Словенечкиот амбасадор во Република Македонија Алан Брајан Бергант на министерска конференција за граничната безбедност во ЈИЕ


Неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности не прави сојузници, рече Јанкуловска на отворањето на настанот.

„Развивањето на идејата за создавање на сигурни и безбедни граници и развивањето на концептот на гранично управување, не обедини во овој сојуз кој опстојува веќе десет години.“
Силна и добро изградена соработка е суштинска за слободата на луѓето. Истовремено, истата таа соработка е суштинска за зачувување на безбедноста во Европската унија и ни овозможува да се бориме против прекуграничниот криминал.
Николај Ларцов, преставник на данското претседателство.

Претставникот на Данското претседателство Николај Ларцов ја посочи важноста на соработката.

„Силна и добро изградена соработка е суштинска за слободата на луѓето. Истовремено, истата таа соработка е суштинска за зачувување на безбедноста во Европската унија и ни овозможува да се бориме против прекуграничниот криминал.“

На конференцијата се обрати и словенечкиот амбасадор во Република Македонија Алан Брајан Бергант, во името на отсутниот словенечки министер за внатрешни работи. Координацијата и комплетарноста на иницијативите треба да продолжи и секогаш да биде пред поединечните интереси на секоја држава затоа што на таков начин ќе се унапреди безбедноста во регионот, рече Бергант .

Инаку, на настанот присуствуваат министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и заменици министри и високи функционери во министерствата за внатрешни работи на Молдавија, Романија, Албанија, Чешка, заедно со претставници на ЕК, Еуропол, Фртонтекс, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.