Се расплетува „Пајажина“

Велија Рамковски.

Судот денеска треба да ја соопшти пресудата за сопственикот на згаснатата телевизија А1 и за другите обвинети од случајот „Пајажина“.
Заврши одмотувањето на клопчето „Пајажина“. По речиси една година од поднесувањето на обвинението, денеска Судот ќе ја соопшти пресудата за обвинетиот сопственик на сега веќе затворената А1 Телевизија Велија Рамковски и 22-цата негови соработници од фирмите на „Перо Наков“. Тие се обвинети за перење пари, затајување данок и за злосторничко здружување, кривично дело кое повлекува и максимална казна. Според обвинението, во кое неколку пати во текот на постапката беа менувани бројките, затаен бил данок од над 5 милиони евра.
Целиот процес беше проследен со низа контроверзии. Влезе во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија каде што е наведено дека истрагата за обвинувања во однос за затајување данок, како и подоцнежно затварање на телевизискиот канал А1 и весниците Шпиц, **** е ре и Време, кои се однесуваа критички кон владината политика доведе до загриженост за пропорционалноста и селективноста на постапката.

Покрај Рамковски, обвинети се членови на неговото семејство, двајца управители на А1 Телевизија, Дарко Перушески и Анета Кочишки и неколку вработени во фирмите.

Обвинетите во „Пајажина“ беа уапсени на крајот на декември 2010 година по што им беше одреден притвор, кој го избегнаа синот на Рамковски, триесет и шестгодишниот Хеди и двајца косовски државјани. Подоцна на дел од обвинетите им беше заменет затворскиот со домашен притвор. За дел од притворените, обвинението беше сменето во постапката, односно беа повлечени обвиненијата во делот перење пари за некогашните директори на А1 телевизија. Судот не попушти за притворот, иако некои од притворените понудија гаранција во износ и од 600 илјади евра.

Целиот процес беше проследен со низа контроверзии. Влезе во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија каде што е наведено дека истрагата за обвинувања во однос за затајување данок, како и подоцнежно затварање на телевизискиот канал А1 и весниците Шпиц, **** е ре и Време, кои се однесуваа критички кон владината политика доведе до загриженост за пропорционалноста и селективноста на постапката.
Семејствата на притворените во „Пајажина” неколкупати протестираа пред затворот во Шутка поради долгиот притвор, кој според нив, се претворил во казна и одмазда.

Во текот на постапката се сменија неколку адвокати, дел од нив бараа реакција од Судскиот совет поради, како што велат, незаконското работење на судијката која го води случајот, а и имаше протести.

Семејствата на притворените во „Пајажина” неколкупати протестираа пред затворот во Шутка поради долгиот притвор, кој според нив, се претворил во казна и одмазда. Судиите и адвокатите во изминатава година се натегаа за тоа што од процесот минува во законската рамка, а што не.

Во минатиот месец, откако заврши доказната постапка за случајот, свои завршни зборови дадоа Обвинителството, адвокатите, и обвинетите. Обвинителството тврдеше дека со постапката се докажало дека Рамковски е виновен за делата за кои го товарат.

Од друга страна, пак, неговиот бранител, а и самиот Рамковски тврдеше дека е невин, па од Судот побараа ослободителна пресуда. Во своите завршни зборови Рамковски рече дека против него се води политички процес со цел да се затворат критички настроените медиуми и дека е осуден уште пред да почне судењето.

Поранешниот директор на А1 телевизија Дарко Перушески во своите завршни зборови, како и другите управители, изјави дека не бил одговорен за делата за кои се товари и дека немал увид во финансиите и сметководството.

Бранителите на обвинетите по 80 одржани рочишта неколку пати до сега искоментираа дека судот е пристрасен во постапката, дека не биле изведувани докази кои се од значење за обвинетите, односно дека се крие оригиналната документација, а се прикажуваат фотокопии како докази. Тие стравуваат дека Рамковски може да добие и максимална казна од 15 години затвор, доколку го прогласат за виновен по сите точки од обвинението.