Најновиот извештај на Светската банка покажува намалување на екстремната сиромаштија. Извештајот индицира и тоа дека глобалната рецесија, спротивно на очекувањата на економистите, не ја зголеми сиромаштијата во светот во развој.
За прв пат се покажа дека бројот на луѓето кои живеат во тешка сиромаштија, односно со помалку од едно евро на ден, опадна во сите региони во светот во развој.
Притоа, како што се наведува во извештајот на Светска банка, најголемата рецесија од Големата депресија не придонесла за намалување на таквиот тренд.
Напредокот е толку драстичен што светот дури успеал да ги постигне и Милениумските развојни цели и да ја намали екстремната сиромаштија за половина и тоа пет години пред поставениот рок 2015 година.
,,Ова е многу добра вест,, вели Џефри Сакс, специјален советник на Обединетите нации, додавајќи дека постои забрзан прогрес во борбата против сиромаштијата.
Светската банка во 2008 година предупреди дека растечката невработеност во индустриските земји ќе придонесе за пораст на сиромаштијата во светот. Но, тоа не се случи.
Првичните резултати за 2010 година покажуваат дека опаднал бројот на луѓето кои живеат во голема сиромаштија. Тоа, како што се објаснува, е поради силниот стопански пораст на земјите како Бразил, Индија и посебно Кина што им помага на економиите на Африка и на Јужна Америка да останат на површината.
,,Во минатото економските кризи во богатиот свет имаа големо и непосредно влијание врз светот во развој,, вели Чарлс Кени, од Центарот за глобален развој со седиште во Вашингтон. ,,Но, овој пат, импактот беше многу помал и не видовме земјите во развој да ги следат Соединетите држави и Европа во долгата рецесија и бавното заздравување,, додава Кени.
За прв пат откако Светската банка почна да собира податоци за сиромаштијата во 1981 година, таа опадна скоро во сите региони во светот.
Поголем дел од приказната сепак и припаѓа на Кина каде што скоро 700 милиони луѓе од тогаш до 2008 година и побегнаа на сиромаштијата. Сепак најнеочекуван е успехот на Потсахарска Африка каде што делот на луѓето кои живеат во екстремно сиромашни услови досега постојано растеше.
,,Луѓето беа загрижени околу тоа дали Африка секогаш ќе биде сиромашна?,, вели Кени, додавајќи: ,,Е па изгледа дека веќе не е така.,,
Сепак, господин Сакс додава дека климатските промени, односно зачестените суши и поплави, заканите од вооружени конфликти и постојаниот пораст на стапката на раѓање кај сиромашните можат да доведат до повторен тренд на ширење на сиромаштијата во светот.
,,Како и да е, најновите податоци покажуваат дека ова е ветувачко време за борба против светската сиромаштија,, додава Џефри Сакс.

Во минатото економските кризи во богатиот свет имаа големо и непосредно влијание врз светот во развој. Но, овој пат, импактот беше многу помал и не видовме земјите во развој да ги следат Соединетите држави и Европа во долгата рецесија и бавното заздравување.