Одбележување на годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Влезот на еден контрационен логор во Германија

Еврејската заедница во Македонија денеска ќе одбележи 69 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Делегации на заедницата, Владата и на Собранието ќе положат цвеќе пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат, како и пред спомениците на депортираните Евреи и на борците загинати во НОБ на гробиштата во Бутел.
Во Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи ќе биде отворена изложба, а одбележувањето ќе заврши со комеморативен концерт во Домот на АРМ.