Американскиот Стејт Департмент на десет жени им ја додели Меѓународна награда за храбри жени на церемонијата која ја водеше американскиот државен секретар Хилари Клинтон и првата дама Мишел Обама. Наградата традиционално секоја година се доделува на осми март по повод денот на жената.
Меѓу овогодишните добитинички беше Мариам Дурани, која е членка на Советот на авганистанската покраина Кандахар и сопственик на радио станица, која има за цел да им помага на жените да ги осознаат нивните права и Шад Бегум од Пакистан, која им помага на жените да земат учество во политиката.
Клинтон изјави дека наградените работат неуморно да го подобрат животот на жените и девојките.