Струмички карневал 2012

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Повеќе од три илјади учесници од земјава и од странство продефилираа по струмичките улици како дел од карневалот. Наградите за најуспешните маски, организаторите ќе ги доделат во вторник, кога наградените под своите маски ќе прошетаат по струмичкото корзо. Првпат во својата повеќевековна традиција, Струмичкиот карневал, наместо во вторник, се одржа во сабота.