Не смееме да дозволиме да бидат занемарени европските вредности за сметка на античката историја. Не смееме да дозволиме да ја напуштиме заедничката иднина за сметка на себичноста кон минатото. Бронзата и бетонот нема да бидат повредни од тоа секој млад човек да има право да патува, да учи, студира, работи и живее во Европа, пишува за РСЕ Дарко Давитковски Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Минатиот викенд Социјалдемократската младина беше домаќин на една од поголемите меѓународни конференции на ECOSY организацијата на младите европски социјалисти. Во оваа меѓународна организација членуваат подмладоци на политички партии организации и здруженија на граѓани од Европа кои по своето политичко определување и припаѓаат на левата идеолошка ориентација.
Самото стекнување на полноправно членство во ECOSY е процес, од организација кандидат, преку организација набљудувач, до полноправна членка.
Благодарејќи на инвентивноста и визијата на младите социјалдемократи кои секогаш биле со своите постапки пред времето, СДММ е полноправна членка во ECOSY, примена под уставното име веќе една декада. Полноправното членство на СДММ се должи на влијанијата во политичката и општествената сфера, бројот на членови и промовирањето на идеолошките вредности во сите активности, но пред се на волјата, активизмот и желбата на сите членови на СДММ да се биде дел од големото Европско семејство.
Преку четириесет млади активисти од дваесетина држави беа присутни на меѓународната конференција и состанокот на мрежите за новите политики и маргиналните групи. Драго ми е што токму од овие конференции и мрежи произлегуваат следните чекори на највлијателната европска младинска организација. Но придобивките не застануваат тука.
Здружението на млади социјалисти е сместено во иста канцеларија со Партијата на европските социјалисти. Голем дел од младинските политики на ECOSY се пренесени директно на европските пратеници, а ставовите најжестоко се бранат на сите нивни состаноци.
Во реално време можевме да следиме како различните мислења и идеи на крај со консензус се затворија како ставови кои што треба да бидат предложени на следното биро на организацијата за да бидат прифатени како ставови на младите Европјани.
Се запрашав што би можело да биде тоа што ги натера младите од повеќе европски земји да поминат два работни дена во Скопје и два дена поминати во пат благодарение на лошата поврзаност на нашето Скопје со европските метрополи.
И колкави се шансите нивната идеја денес да прерасне во борба за подобра иднина утре? Она што успеав да го забележам е дека младите од Европа не се плашат. Не се плашат да бидат упорни и доследни во обидите да го променат опкружувањето во кое живеат во опкружување во какво што сакаат да живеат.
Вечна е потрагата да го најдат она што ги задоволува не своите, туку интересите на сите млади.
Без малку несфатливо за нив беше нашето секојдневие и каде е нашата борба, а уште повеќе истрајноста во тоа за што се залагаат тие осумдесетина проценти Македонци кои погледите им се вперени во Европа? Како може народ кој е толку гостопримлив и секогаш отворен да биде ставен на дневна политичка мета за разгорување на меѓуетнички проблеми? Како може родителот да биде мирен кога праќа своето чедо да студира во полоши услови од оние во какви што студирале и неговите родители? Дали ќе ја наведнеме главата затоа што наведната глава сабја не ја сече?
Во еден момент си помислив, ако можеа нашите врсници од Европа да прелетаат 5000 километри за да се изборат за подобро утре, тогаш за нас не смее да претставува проблем пешки да изодиме неколку километри и да протестираме за тоа што е наше. Не смееме да дозволиме да бидат занемарени европските вредности за сметка на античката историја. Не смееме да дозволиме да ја напуштиме заедничката иднина за сметка на себичноста кон минатото. Бронзата и бетонот нема да бидат повредни од тоа секој млад човек да има право да патува, да учи, студира, работи и живее во Европа.
И до сега бевме гласни кога беа загрозувани правата на младите, а ќе бидеме уште погласни. Секогаш на страната на младиот човек ќе продолжиме да се бориме за целосно почитување на човекот, на неговото достоинство и на неговите основни права и слободи. Секогаш ќе се бориме за социјална правда и ќе продолжиме храбро да се бориме НЕ САМО ЗА ГОЛЕМИТЕ ИДЕИ, ТУКУ И ЗА НАЈМАЛИОТ МОЖЕН ПРОБЛЕМ НА СЕКОЈ МЛАД ЧОВЕК.
Се запрашав што би можело да биде тоа што ги натера младите од повеќе европски земји да поминат два работни дена во Скопје и два дена поминати во пат благодарение на лошата поврзаност на нашето Скопје со европските метрополи. И колкави се шансите нивната идеја денес да прерасне во борба за подобра иднина утре? Она што успеав да го забележам е дека младите од Европа не се плашат.
Благодарејќи на инвентивноста и визијата на младите социјалдемократи кои секогаш биле со своите постапки пред времето, СДММ е полноправна членка во ECOSY, примена под уставното име веќе една декада. Полноправното членство на СДММ се должи на влијанијата во политичката и општествената сфера, бројот на членови и промовирањето на идеолошките вредности во сите активности, но пред се на волјата, активизмот и желбата на сите членови на СДММ да се биде дел од големото Европско семејство.
Преку четириесет млади активисти од дваесетина држави беа присутни на меѓународната конференција и состанокот на мрежите за новите политики и маргиналните групи. Драго ми е што токму од овие конференции и мрежи произлегуваат следните чекори на највлијателната европска младинска организација. Но придобивките не застануваат тука.
Здружението на млади социјалисти е сместено во иста канцеларија со Партијата на европските социјалисти. Голем дел од младинските политики на ECOSY се пренесени директно на европските пратеници, а ставовите најжестоко се бранат на сите нивни состаноци.
Во реално време можевме да следиме како различните мислења и идеи на крај со консензус се затворија како ставови кои што треба да бидат предложени на следното биро на организацијата за да бидат прифатени како ставови на младите Европјани.
Се запрашав што би можело да биде тоа што ги натера младите од повеќе европски земји да поминат два работни дена во Скопје и два дена поминати во пат благодарение на лошата поврзаност на нашето Скопје со европските метрополи.
Не смееме да дозволиме да бидат занемарени европските вредности за сметка на античката историја. Не смееме да дозволиме да ја напуштиме заедничката иднина за сметка на себичноста кон минатото. Бронзата и бетонот нема да бидат повредни од тоа секој млад човек да има право да патува, да учи, студира, работи и живее во Европа.