Периодот на дивиденди, случувањата на странските пазари, спуштањето на каматните стапки се дел од причините за растот на акциите на берзата.
Комбинација на фактори придонесоа за раздвижување на берзата, сметаат упатените. Од 2 овој месец, индексот на десетте најликвидни компании на македонскиот пазар на хартии од вредност влезе во нагорен тренд.
Според официјалните статистики заклучно со вчерашното тргување, вредноста на индексот е највисока годинава, но се уште го нема достигнато врвот, кој се забележа во втората половина на август минатата година.
Дел од причината за ваквото раздвижување се случувањата на странските пазари, вели инвестицискиот советник Горан Марковски.
„Коишто бележат највисоки стапки на раст на индексите, има раст којшто не е забележан од 1987 година па наваму. Реaлно основата од претходната година беше пониска, беше вкалкулиран преголем оптимизам, по мое лично мислење и заради тоа овој позитивен тренд којшто привенствено е подгреан и е предизвикан од извесноста за отпочнување на решавање на таа евро криза.“
Делумно, овие фактори имаат влијание, вели Марковски
„Меѓутоа исто така треба да се земе предвид дека доаѓа период на исплати на дивиденди, кадешто врз основа на резултатите барем до сега, со еве веќе 9 месеци ги имаат објавено, некои компании веќе објавија и годишни извештаи, се формираат некои очекувања за дивиденди, што дополнително ги мотивира македонските инвеститори да вложуваат и тоа реално се проследува, значи конкретно во раст на цените на акциите во Македонија.“
Освен случувањата во странство и исплатата на дивиденди, што претставува право на акционерите на учество во добивката на друштвото, влијание имаа и други фактори, посочува Јованче Тасковски, директор на брокерска куќа.
„Тука влијаеше и спуштањето на каматните стапки од страна на банките, да се вратат инвеститорите и секако времето кога се даваат крајните извештаи на компаниите за работењето во 2011 година.“
Ако добрите перформанси на македонските компании ги раздвижуваат инвеститорите, се поставува прашањето дали може да се очекува подобрување на состојбите во македонската економија? Тасковски одговара:
„Дали тоа можеме да го сврземе со заздравувањето на економијата е големо прашање, тоа ќе го видиме после првиот квартал од 2012-та година.“
Во 2007 година на македонскиот пазар на хартии од вредност проциркулираа т.н. „врели пари“, кога вредноста на компаниите беше преценета. Потоа, судејќи по изјавите на брокери и инвестициски советници, следеше период на потценување на вредноста на компаниите кои котираат на берзата. Од тука се поставува прашањето дали македонската берза може да се смета за реален показател на состојбите во македонската економија? Тасковски вели дека дури сега инвеститорите се водат по резултатите од работењето на компаниите.
„Гледајќи ги 2006, 2007, 2008-ма година кога сите навалија на берзата и купуваа буквално безглаво, сега веќе ако ги споредиме останатите берзи, значи светските берзи со македонската берза, ќе видиме дека главните индикатори се работењето на компаниите и исплатата на девиденда.“
РСЕ:Значи има некоја поврзаност помеѓу нив?
„Има поврзаност, да.“
Вчера во тргувањето на берзата беше остварен вкупен промет од 30.148.852 денари преку 126 трансакции.
Треба да се земем предвид дека доаѓа период на исплати на девиденди, кадешто врз основа на резултатите барем до сега, со еве веќе 9 месеци ги имаат објавено, некои компании веќе објавија и годишни извештаи, се формираат некои очекувања за девиденди, што дополнително ги мотивира македонските инвеститори да вложуваат и тоа реално се проследува, значи конкретно во раст на цените на акциите во Македонија.Горан Марковски, инвестициски советник.
Според официјалните статистики заклучно со вчерашното тргување, вредноста на индексот е највисока годинава, но се уште го нема достигнато врвот, кој се забележа во втората половина на август минатата година.
Дел од причината за ваквото раздвижување се случувањата на странските пазари, вели инвестицискиот советник Горан Марковски.
„Коишто бележат највисоки стапки на раст на индексите, има раст којшто не е забележан од 1987 година па наваму. Реaлно основата од претходната година беше пониска, беше вкалкулиран преголем оптимизам, по мое лично мислење и заради тоа овој позитивен тренд којшто привенствено е подгреан и е предизвикан од извесноста за отпочнување на решавање на таа евро криза.“
Делумно, овие фактори имаат влијание, вели Марковски
Тука влијаеше и спуштањето на каматните стапки од страна на банките, да се вратат инвеститорите и секако времето кога се даваат крајните извештаи на компаниите за работењето во 2011 година.Јованче Тасковски, директор на брокерска куќа.