Најмалку седум лица, меѓу кои шест деца загинале кога автобусот во кој се наоѓале се превртел и потонал во реката Калви, во индиската држава Гоа. Според извештаите на полицијата, возачот ја изгубил контролата над возилото, по што заедно со кондуктерот излегле од автобусот. Ниту еден од нив не е повреден. Спасувачките служби и нуркачките екипи се уште трагаат по осум лица кои се водат како исчезнати.