Тајландската полиција соопшти дека иранците кои беа уапсени по експлозијата во нивниот изнајмен дом во Банкок, веројатно подготвувале атентат врз израелски дипломати. Претходно, изреалскиот амбасадор во Тајланд, Ицак Шохам, претходно изјави дека импровизираните бомби кои експлодирале биле исти со оние што биле користени врз цели на израелските амбасади во Индија и во Грузија во изминатата недела. Иран демантира вмешаност во овие инциденти.