Завеани триесетина жители и туристи во мавровското село Ниќифорово

Трисетина жители и туристи во селото Ниќифорово се отсечени два дена, поради снегот кој достигна висина од еден метар. Меѓу завеаните има пензионери и неколку деца, а туристите пристигнале во изминатиот викенд во селото.
Од Одделението на Дирекцијата за заштита и спасување во Гостивар соопштија дека стапиле во контакт со луѓето кои има кажале дека се добро и дека имаат храна за уште два до три дена.
Специјалната машина на Македонија пат за чистење на патиштата од вчера е во дефект и се прават напори да се испрати друга. Снегот кој сеуште паѓа го отежнува животот во целиот Мавровско-рекански крај.