Тито Петковски од НСДП обвини дека Јанкулоска е втемелувач на политиката на страв, а таа дека Петковски се однесува како во едноумието.
Собранието ја почна расправата за интерпелацијата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска што ја поднесе опозицијата. Пратеникот Тито Петковски од опозициската НСДП, образложувајќи ја интерпелацијата, рече дека Јанкулоска ги игнорирала повиците на собраниската комисија за надзор над следењето на комуникациите да направат увид во користењето на посебните истражни мерки врз лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Следењето на лидер на опозициска политичка партија во време на предизборна кампања е повод за поништување на изборите во секоја нормална демократска земја, рече Петковски.
„МВР по којзнае кој пат покажа дека е држава во држава, која не прифаќа никаква контрола врз своето работење. Власта не успева за овој период да ја убеди јавноста дека членовите на опозицијата не биле следени за време на изборната кампања. Наместо да понуди аргументи, дрско се заканува на пратениците од комисијата за надзор над спроведување на мерките за следењето на комуникациите“, рече Петковски.
Тој се осврна и на случајот Мартин Нешкоски, а обвинувањето дека зад меѓуетничките тензии стои опозицијата ги спореди со однесувањето на нацистичка Германија, која го запалила, а потоа ги обвинила комунистите дека стојат зад палењето на Рајхстагот.
„Министерката Јанкулоска на свој грб има стотици скандали од кои најпознати се тепањето студенти на плоштадот, тепачката на Калето, секојдневното изживување на специјалните единици, спектакуларното апсење на недокажани ситни криминалци, инциденти со новинари и слично. Освен тоа, министерката Јанкулоска е еден од втемелувачите на политиката на страв кај граѓаните, со што стравот практично стана второто име на преродбата“, рече Петковски.
Јанкулоска, пак, рече дека барањето за интерпелација треба да биде отфрлено, зашто е полно со невистини и несериозни наводи. Таа рече дека интерпелацијата има за цел да ја прикрие безидејноста на политичари од „мрачната транзиција“. Таа посочи дека Петковски немал забрана да изврши увид во материјалите од прислушување во случајот „Кампања“.
„Прво, забраната не постои, или можеби постои, но само во мислите на Петковски. Второ, прислушување не постои, или можеби постои, но повторно само во мислите на Петковски“, рече Јанкулоска.
Таа рече дека опозицијата ја злоупотребува трагедијата на семејството на убиениот Мартин Нешкоски за политички поени, иако полицијата веќе го разреши убиството, а обвинетиот доби 14 години затвор. Таа ја обвини опозицијата, дека кога тие биле на власт, имало многу сомнителни и нерасчистени убиства и од собраниската говорница покажуваше фотографии.
„Ова е семејството на Трајан Беќиров. Дали Шеќеринска или Ѓунер Исмаил не почуствуваа потреба во 2006, кога мистериозно исчезна ова момче, да го кренат својот глас и да се посомневаат зошто го немаше две недели? Почитувани пратеници, ова е мајката на Диме Ицковски Поштарот. Дали Гордан Георгиев, Милчин и Стевчо Јакимовски тогаш не почуствуваа потреба да изразат барем сомнеж, бидејќи роднините тврделе дека во неговото тело има над 50 куршуми. Дали некој се сеќава на некаков исход од овие случаи?“, праша Јанкулоска.
На крај на излагањето, таа даде отчет за сработеното во изминативе шест месеци, по што почнаа дискусиите на пратениците.
МВР по којзнае кој пат покажа дека е држава во држава, која не прифаќа никаква контрола врз своето работење. Власта не успева за овој период да ја убеди јавноста дека членовите на опозицијата не биле следени за време на изборната кампања.Тито Петковски, НСДП.
„МВР по којзнае кој пат покажа дека е држава во држава, која не прифаќа никаква контрола врз своето работење. Власта не успева за овој период да ја убеди јавноста дека членовите на опозицијата не биле следени за време на изборната кампања. Наместо да понуди аргументи, дрско се заканува на пратениците од комисијата за надзор над спроведување на мерките за следењето на комуникациите“, рече Петковски.
Тој се осврна и на случајот Мартин Нешкоски, а обвинувањето дека зад меѓуетничките тензии стои опозицијата ги спореди со однесувањето на нацистичка Германија, која го запалила, а потоа ги обвинила комунистите дека стојат зад палењето на Рајхстагот.
Ова е семејството на Трајан Беќиров. Дали Шеќеринска или Ѓунер Исмаил не почуствуваа потреба во 2006, кога мистериозно исчезна ова момче, да го кренат својот глас и да се посомневаат зошто го немаше две недели? Почитувани пратеници, ова е мајката на Диме Ицковски Поштарот. Дали Гордан Георгиев, Милчин и Стевчо Јакимовски тогаш не почуствуваа потреба да изразат барем сомнеж, бидејќи роднините тврделе дека во неговото тело има над 50 куршуми. Дали некој се сеќава на некаков исход од овие случаи?Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.