Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за ограничување на извозот на електрична енергија која е произведена од субјектите во Република Македонија. Оваа одлука започнува да важи од денеска од 12 часот и ќе се применува до 29-ти овој месец.
Во текот на денешниот ден јавноста ќе биде информирана и за други мерки што ќе бидат преземени во однос на електроенергетскиот систем на Република Македонија, се вели во соопштението од владата.
Во текот на денешниот ден јавноста ќе биде информирана и за други мерки што ќе бидат преземени во однос на електроенергетскиот систем на Република Македонија, се вели во соопштението од владата.