Меѓуетнички тензии за политички поени

Архивска фотографија: Протест на албански невладини организации во Скопје на 10 мај 2010 година.

Партиите не прават ништо за да ја подобрат моменталната ситуација. Тие сакаат да добијат политички поени и не се заинтересирани да изградат одржлива демократија, велат аналитичарите.
Во обидот да се сврти вниманието од проблемите кои ги оптоваруваат граѓаните, политичките лидери си ја префрлаат одговорноста за неодамнешните меѓуетнички тензии. Опозицијата бара одговорност од власта, а владејачката партија ја обвинува опозицијата за разгорување на меѓуетничките страсти.
Тоа треба да го види Владата самата, значи она го поттикнува ова.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните кои ги прашавме се едногласни во мислењето дека политичките актери имаат одговорност за да ги смират тензиите, но партиската поделеност ги двои нивните видувања за тоа кои се виновни за неодамнешните инциденти.

„Тоа треба да го види Владата самата, значи она го поттикнува ова.“
Премиерот се обидува од сите страни. Тоа е намерно, тоа има подбуцнување на народот, сега народот се продава за ситно, ќе се соберат 10-15 луѓе и ќе направат инцидент.
Анкетиран граѓанин.

„Премиерот се обидува од сите страни. Тоа е намерно, тоа има подбуцнување на народот, сега народот се продава за ситно, ќе се соберат 10-15 луѓе и ќе направат инцидент.“

Меѓусебните партиски препукувања за граѓаните се само маска пред јавноста. Непосакуваните настани и меѓуетничките конфликти ги предизвикуваат токму политичарите, убедени се дел од граѓаните кои ги анкетиравме.

„Тоа е се исценирано, има политичка заднина, вистината од три различни точки може да се гледа.“

„Главен е Парламентот на Република Македонија и меѓу тие има некој што шпионира и така.“

Политичките аналитичари со став дека партиите не прават ништо за да ја подобрат моменталната ситуација. Напротив, професор Етем Азири смета дека и македонските и албанските политички партии се главни виновници за ваквиот развој на настаните. Препукувањата по медиумите се веќе видена работа. Азири вели дека ниското ниво на политичка свест и култура во државава само го потврдува ваквото однесување на политичките раководства.

„Тие сакаат само да добијат политички поени, ништо повеќе. А, како што изгледа не се заинтересирани да изградат една издржлива демократска заедница.“

Политичките актери играат опасна игра, предупредува Азири. Водени од девизата „што полошо, тоа подобро“, вештачкото креирање меѓуетнички тензии од страна на политичарите, може да предизвика поголема криза, вели тој.

„Македонија се соочува со економски и социјални проблеми и нормално за да се покријат тие проблеми, на некој начин да се тргне вниманието на луѓето од тие проблеми, се создаваат меѓуетнички проблеми.“

И додека партиите меѓусебе си ја префрлаат вината за новонастанатата ситуација во земјава, надлежните се уште немаат одговор за тоа кои се виновниците за неодамнешните инциденти и кому му одговара поттикнување верска и национална омраза во земјава.

Кои се причините за меѓуетничката нетрпеливост по Вевчанскиот карневал и дали апелите на политичарите помагаат? Погледнете го видеото и коментирајте овде.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк - Меѓуетнички односи