Соживот со краток фитил

Претседателот Ѓорге Иванов во посета на Старата скопска чаршија.

Меѓуетничките односи се кревки, а со тоа и лесен плен за манипулација во рацете на поединци, велат познавачите на оваа проблематика. Граѓаните како виновници ги посочуваат политичарите, a тие, пак, апелираат за смирување на страстите.
Настаните во Струга и oколината, симнувањето и палењето на државното знаме, пожарите во црквите во Лабуништа и во Мала Речица до кои дојде десетина дена по карневалот во Вевчани, каде маските, дел од Исламската верска заедница ги сфати како навреда и исмејување, како и користењето говор на навреда на натпреварот на ракометната репрезенатција во голема мера ги возбудија меѓунационалните односи во последните две недели.
Имам многу пријатели Албанци, пред мене сите се оградуваат, не знам што да кажам, ама ова ги поминува сите граници. Да се навредува, да се пишува на црквите, до каде ќе одат овие работи не знам.
Анкетиран граѓанин.

Ова, деновиве стана дополнителна причина да се верува дека по 10 години од конфликтот во Македонија продолжуваат одвреме навреме да се појавуваат настани кои генерираат состојба на тензичност и оти некој го користи тоа.

Скопје.


Политичарите најодговорни

Иако не е јасно кој повторно ги вознемирува меѓуетничките односи, јавноста посочува дека најголема одговорност имаат политичарите.

„Имам многу пријатели Албанци, пред мене сите се оградуваат, не знам што да кажам, ама ова ги поминува сите граници. Да се навредува, да се пишува на црквите, до каде ќе одат овие работи не знам.“

„Јас сум Македонец, не ми се допаѓа тоа што на спортските настани се извикуваат некои пароли што не се прикладни за спортски манифестации. Сето тоа се надоврзува, работам и опстојувам со сите националности.“

„Политичарите го прават ова, народот нема ништо меѓу себе, некогаш немало и нема да има, ама политичарите прават проблеми за себе.“

„Кога ќе се фокусира народот на нешто, сега ќе извадат нешто друго за ги оттргнат од тоа што го мислат – еве види што направија Албанците или види што направија Македонците и сега луѓето се, како да кажам, како во магла“, велат анкетираните скопјани.

Кои се причините за меѓуетничката нетрпеливост по Вевчанскиот карневал и дали апелите на политичарите помагаат? Погледнете го видеото и коментирајте тука.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк - Меѓуетнички односи

Важно е да се каже дека настаните се примаат како лоша порака којашто покажува дека поединци или некои кои тераат свои идеи може да манипулираат и натаму со меѓуетничките односи. Мислам дека поодговорен однос од сите вкучени страни би придонел кон поголемо меѓусебно разбирање на различните етнички заедници, вели политичкиот аналитичар Владимир Мисев.
Факт е дека во Македонија меѓуетничките односи дефинитивно се едно од најчуствителните прашања со кои мора државата да се носи, да ги решава. Мислам дека нивото на толеранција е задоволително, но разбирањето, комуникацијата меѓу овие заедници е се уште мала и треба да се работи дополнително во таа насока.
Владимир Мисев, политички аналитичар.

„Факт е дека во Македонија меѓуетничките односи дефинитивно се едно од најчуствителните прашања со кои мора државата да се носи, да ги решава. Мислам дека нивото на толеранција е задоволително, но разбирањето, комуникацијата меѓу овие заедници е се уште мала и треба да се работи дополнително во таа насока.“

Протест на албански невладини организации во Скопје на 10 мај 2010 година.


Последните случувања исто така покажуваат дека за да функцинира начелото на толеранција и да биде прифатено потребни се не само правни акти и нивно спроведување, туку и други услови. Дали тие услови може да се создаваат по нарачка?
Ние страдаме доста од вакви случувања. Палењето на знамето во Качаник убаво го почуствувавме, еве и ова сега ќе го почуствуваме. Ни криви ни должни страдаме економски да не можеме ни струја да платиме, а ние во Чаршијава никој не сме за тоа.
Дуќанџија во Старата скопска чаршија.

Професор Владо Поповски од Правниот факултет во Скопје, кој е еден од креаторите на Охридскиот рамковен договор, нагласува дека треба организациите кои се неполитички и граѓански да ја разгледуваат можноста да воведат кодекси со кои ќе се нормираат линииите кои не може да се пречекоруваат на манифестациите. Според неговите зборови, тоа значи дека не е можно во иднина јавни случувања да бидат нерегулирани и да не вклучуваат етички кодекс.

„Во вакви околности, ние или целата држава стануваме заложници на поединци коишто може да бидат вулгарни, некултурни, нетолерантни или пак да бидеме заложници на некои што тераат некакви идеи. Не може да се остави на поединец да кажува што сака да кажува и да пали огнови таму каде што не е можно. Која е онаа линија што не може да се прескокнува? Тоа што Кривичниот закон на Република Македонија го инкриминира“, вели Поповски.

Единствен начин тоа да се реши е да не останеме заложници на поединци. Ситуацијата генерално не е излезена од контрола, туку одредени поединци се однесуваат како да имаат сопственост на целата ситуација. Тука мислам и на политичарите и на граѓани поединци. Треба да се идентификуваат личностите, а не да се генерализираат работите.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Лош сигнал е тоа кога меѓуетничките тензии се надополнети со верски тензии. Остануваат повеќе дилеми. Зошто кога се славеше победа на ракометната репрезенатција во соседството се навиваше навредувачки за Албанците? Дали тоа дополнително подоцна иницираше и бурни реакции околу маските на Вевчанскиот карневал кои Исламската верска зедница ги доживеа како навредливи? Дали пожарите во црквите ќе ги запалат страстите и кај Македонците? Засега има свесност дека треба да се зборува со јазикот на толеранцијата. Граѓаните јасно си кажуваат дека не сакаат да бидат заложници на изолирани групации за кои и самите периодично се навикнати да се појавуваат и за кои засега велат дека немаат влијание во нивниот тековен живот.

РСЕ: Што ви е битно вам во Чаршијата?

Џамијата во Прилеп, што беше опожарена за време на конфликтот во 2001 година.


„Мала тензичност се чувствува во прометот, слаба посетеност на Чаршијата. Лани кога беа случувањата околу црквата горе на Кале истото се почуствува. Во самата Чаршија одма се чуствува напнатост, луѓево гледам лошо реагираат на тоа.“
Конфликтот што се случи беше само пред 10 години. Во сите држави, во сите општества во кои имало конфликт со етничка димензија, нормално дека процесот на помирување траел долго. Прашањето е, повторно ќе кажам, оние што се одговорни да ги изменаџираат овие односи да најдат интегративни елементи, личности, настани, ситуации коишто би ги врзувале двете етнички групи.
Владимир Мисев, политички аналитичар.

„Па богами влијаат. Ние страдаме доста од вакви случувања. Палењето на знамето во Качаник убаво го почуствувавме, еве и ова сега ќе го почуствуваме. Ни криви ни должни страдаме економски да не можеме ни струја да платиме, а ние во Чаршијава никој не сме за тоа“, велат анкетираните дуќанџии во скопската Чаршија.

Зголемувањето на довербата е долгорочен процес

Потпишување на Рамковниот договор во Скопје на 13 август 2001 година.


Препорачувањето толеранција, како што може да се слушне, необично е популарно кај нас. Сето тоа се чини едноставно, но при поблиско задлабочување во работите се наметнуваат компликации. На пример, некои луѓе се жалат дека толеранцијата често се бара во смисла на рамнодушност, отсуство на какво било гледиште и мислење. Според нив, тоа е филозофија на живот без какви било уверувања. Експертите нагласуваат дека кога во една држава имало конфликт, сепак е потребно повеќе време да помине за да се зголеми довербата и оти тоа е долгорочен процес. Она што може да се каже е дека Охридскиот договор донесе нова реалност во државата, дека овозможи мир и оти воениот конфликт однесе човечки жртви.
Колку време траеше тоа – се гради црква, не се гради џамија, Бурмали џамија, црква на Кале, не црква, нешто друго. Таквиот начин на владеење создава тензичен амбиент, односно тензична ситуација и дури и во однос на верската толеранција тоа веќе денеска доаѓа до израз.
Исмет Рамадан, политички аналитичар.

„Конфликтот што се случи беше само пред 10 години. Во сите држави, во сите општества во кои имало конфликт со етничка димензија, нормално дека процесот на помирување траел долго. Прашањето е, повторно ќе кажам, оние што се одговорни да ги изменаџираат овие односи да најдат интегративни елементи, личности, настани, ситуации коишто би ги врзувале двете етнички групи“, коментира Владимир Мисев.

Да потсетиме дека пред неколку години тензии беа предизвикани поради намерата за изградба на верски објекти на плоштадот во Скопје. На идејата за изградба на црква, албанската заедница се спротивстави со идеја за изградба на џамија. Беше направена отстапка, па не се изгради ниту црква, ниту џамија. Ако тогаш беа направени повлекувања и се издејствува компромис сега останува прашањето како да се смират емоциите. Според некои согледувања, ако политичарите имат чесни намери, без популизам, тогаш законите треба да важат и да се дејствува за да се дојде до јасни пораки дека зад тензичноста не стојат во позадина политики. Ова, според нив, ќе биде пример дека секој кој ќе посегне по меѓуетничките односи ќе биде санкциониран.
Во вакви мултиетнички држави и во најнормални околности кога горе-долу се изгледа во ред и нема инциденти се проблематични за демократско функционирање, бидејќи секогаш е потребно усогласување, секогаш е потребно некое ниво на консензус.
Мирјана Малеска, универзитетски професор.

„Единствен начин тоа да се реши е да не останеме заложници на поединци. Ситуацијата генерално не е излезена од контрола, туку одредени поединци се однесуваат како да имаат сопственост на целата ситуација. Тука мислам и на политичарите и на граѓани поединци. Треба да се идентификуваат личностите, а не да се генерализираат работите“, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

На Вевчани и Струга и на случувањата на Калето во Скопје, каде имаше исто така инцидент поради идејата да се гради верски објект им претходеа и други настани. Клучниот момент на надминување на меѓунационалните несогласувања беше и повлекувањето на Енциклопедијата од издаваштво, откако дел од одредниците предизвикаа бурни реакции кај албанската заедница. Оваа година, актуелна е изградбата на плоштад на Скендербег како противтежа на проектот Скопје 2014. Но, може да се каже исто така дека меѓу граѓаните во мешаните средини соживотот има традиција. Во тие општини свесно се оставаат таквите и слични теми за оние што се компетентни за нив да разговараат. Животот во мешаните средини има традиција и луѓето знаат меѓусебните односи да не да ги загрозуваат.

Власта треба да создава амбиент за релаксирање на меѓуетничките односи

Според политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, во Македонија со години имаме мултиетнички влади, но тоа не може да создаде амбиент во кој меѓуетничките односи би биле целосно релаксирани. Според него, меѓуетничките односи се рефлектират и од начинот на владеење.

„Колку време траеше тоа – се гради црква, не се гради џамија, Бурмали џамија, црква на Кале, не црква, нешто друго. Таквиот начин на владеење создава тензичен амбиент, односно тензична ситуација и дури и во однос на верската толеранција тоа веќе денеска доаѓа до израз“, вели Рамадани.

Еден од показателите за тоа колку е кохезивна владата со коалицискиот партнер, според некои, се смета и последниот попис на населението откако истиот беше одложен. Инаку, последните инциденти, како и оние претходните со палењето на македонското знаме во Качаник на натпревар и претходното користење говор на навреда на натпревар во Прилеп, надополнет со закачки меѓу учениците и тепачки по училиштата зборуваат дека постојана задача на мултиетничко општество е градење доверба.

Не е доволно да се стави потпис на некој договор како Охридскиот договор и да кажеме дека со тоа сме изгрдиле фукционално општество, вели професор Мирјана Малеска. Кога има сиромаштија и земјата не напредува доволно во нејзините евроатлантски интеграции, доаѓа до фрустрирачки расцеп и тоа е доволно кај популацијата да предизвика меѓуетнички инцидент, смета Малеска.

„Во вакви мултиетнички држави и во најнормални околности кога горе-долу се изгледа во ред и нема инциденти се проблематични за демократско функционирање, бидејќи секогаш е потребно усогласување, секогаш е потребно некое ниво на консензус“, вели Малеска.

Експертите сметаат дека треба да се работи врз елементи кои интегрираат. Треба да се зголемат напорите за зближување на учениците во основните училишта, кои во најголем дел учат во смени од различни етнички групи.

„Еве каде се тие проблеми, еве очигледно се случуваат во етнички мешаните средини каде што има поголем процент од двете етнички групи. Ваквите етнички мешани општини, наместо да претставуваат позитивен пример, создаваат проблеми и се проблем за политичарите и за политичките партии, а ние од друга страна се гордееме со мултикултурализмот, со соживотот во тие етнички мешани општини. Повторно ќе кажам, потребно е едно созревање кај одговорните политичари да се носат со ваквите проблеми, да ги решаваат ваквите проблеми за да обезбедат подобро живеење на сите граѓани“, вели Мисев.

Последните случувања исто така не се пат кон формирање партии чиј легитимет ќе произлегува од повеќе од една етничка група. Професор Владо Поповски смета дека земјава е далеку од тоа партии да се формираат врз основа на нивните програми, а не врз етнички принцип.

„Овие однесувања, коишто, нека се јавуваат спонтано да речеме, ама тие спонтани однесувања кога се непримерни и на соживотот, тие создаваат уште подлабоки процепи и постојано го држат далечен тој момент кога ќе можеме да формираме партии во кои нема да се гледа националната и религиска припадност, туку политичката и социјална определба“, вели Поповски.

Македонија е далеку од мултиетнички партии

Како показател дека Македонија се уште не е блиску до вакви партии може да се смета партијата на Имер Селмани. Иако на претседателските избори, Селмани освои поголем број гласови од Македонци, подоцна полека како да почна да ја напушта таа програма. Мисев се согласува дека се уште сме далеку од тоа политичките заедници да ја напуштаат праксата сепарирано да продолжат да се однесуваат секој во својот блок.

„Потребно е да се направат корекции од горе надолу, изборниот модел пред се, затоа што тој е основата од која понатаму, би рекол, произлегуваат овие проблеми. Кога би се создале некакви интегрирани листи на политички партии и опции би вродило со некаков резултат. Колку е далеку Македонија од тоа, мислам дека се уште е доволно далеку“, вели Мисев.

Во контекст на последните настани во Струга, се наметнува прашањето дали повторно може вакви инциденти кои зачестија да излезат од контрола. Според некои согледувања, не треба да се превиди напливот и на фундаментален ислам во соседството и оти и кај нас сме сведоци на појава на дејствувања и надвор од ИВЗ. Експертите сметаат дека треба да се работи врз зајакнување на капацитетите на институциите кои што се должни да ги превенираат и контролираат ситуациите.

„Тие институции што се должни да можат да ги контролираат тие настани, не се концентрирани во градење на односи, принципи и процедури на превенција на настани. Инаку, после настанот веќе имате санкционирање на последиците. Санкционирањето секогаш е репресивно, никој не е задоволен, некој смета дека селективно се применива и слично. Мислам дека државните институции не покажаа доволна фокусираност да можат да се држат тие односи максимално врамнотежено и да се унапредуваат по принципот на соживот и дека треба тоа да се направи час поскоро“, коментира професор Владо Поповски.

Во меѓувреме, сите партии излегоа со повици во кои ги осудија настаните и се оградија од случувањата. Партиите од албанскиот блок од опозицијата обвинија дека зад инцидентите стојат политичките структури од власта, обвинувајќи дека со нив сакаат да го одвлечат вниманието од тоа дека земјата не напредува доволно во нејзините евроатлантски интегарции. Извршната власт апелираше да не се подлегнува на провокации.